УТРЕ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СИНДИКАТОТ ВО ЕУ ИНТЕГРАЦИЈАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
1.12.2011

“Синдикатот во процесот на евроинтеграција на Република Македонија“ е наслов на конференцијата што ќе се одржи утре во ССМ. На конференцијата ќе учествуваат претставници на институции од земјата и странство...

Утре, на 2 декември, во Сојузот на синдикатите на Македонија ќе се одржи Конференцијата “Синдикатот во процесот на евроинтеграцијата на Република Македонија“. На конференцијата ќе учествувааат претставници на повеќе институции од земјата и од странство.

Претседателот на ССМ Живко Митревски ќе зборува на тема “Синдикатот и процесот на евроинтеграција на РМ“, додека со поздравен говор ќе се обрати министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

“Предизвици и перспективи за европската интеграција на РМ“ е тема на која ќе предава Нафи Сарачини од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија. Јован Андоновски, државен секретар за ЕУ интеграции, ќе настапи со темата “Влијанија на надворешната политика во интеграциите на РМ во ЕУ“. “Парламентарниоот дијалог и придонесот кон процесот на евроинтеграција на РМ“ е насловот на предавањето на Кенан Хасипи, претседател на “Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – РМ“. “Напредокот на РМ за интеграција во ЕУ“ е наслов на темата на Радмила Шеќеринска, претседател на Националниот совет за ЕУ интеграција. Стојан Трајанов, претставник на Министерството за труд и социјална политика“ ќе зборува на тема “Хармонизација на македонското трудово законодавство со европското трудово законодавство“.

Се очекува присуство на претставници на Директоратот за ЕУ, на Меѓународната организација на трудот, Правниот факултет “Јустинијан Први“, Организацијата на работодавачи, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на автономни и независни синдикати.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc