ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ НА РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Од денешната работилница: синдикатите можат да ја потполнат празнината од малиот број инспектори
Од денешната работилница: синдикатите можат да ја потполнат празнината од малиот број инспектори
Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа работилницата “Влијанието на работните услови врз физичкото и психичкото здравје на вработените“. Работилницата е дел од Проектот “ECBOHS“ – Европски мостови за соработка за безбедност и здравје при работа, учесници беа претставници на сите синдикати здружени во ССМ, додека предавачи беа експерти од Турција и од Финска.

Ерки Ирјанеики, директор на финската институција “Услуги за добросостојба на работа“, зборуваше на тека “Национална акциона политика за БЗР и култура на БЗР на работното место“. Ирјанеики истакна дека во Финска безбедноста и здравјето на работа (БЗР) се смета за исплатлива инвестиција, од која корист имаат и вработените и компаниите. Ефектите се повееќекратни, како што се зголемена работна мотивација, продолжен работен век, поголема продуктивност, помали загуби и подобра деловна клима во стопанството.

За улогата и можностите на синдикатите во уредувањето на БИЗ зборуваше Џеф Бриџфорд, поранешен директор на Европскиот синдикален колеџ. БИЗ е фантастична можност за синдикатите, во поравец на зголемување на нивниот кредибилитет, како и за зголемување на нивното членство. Земјите кандидатки треба да ги прифатат и да ги имплементираат директивите на Европската Унија, додека најновиот правец во однос на европската регулатива е подобрување на сите прописи.

“Синдикалната перспектива за БЗР “ беше тема на која зборуваше Џем Снает, експерт од Турскиот синдикат на металски работници. Пренесувајќи ги состојбите во Турција Мурат информираше дека 90 отсто од несреќите при работа можат да бидат спречени со превентивни мерки. Голем недостаток е малиот број на инспектори, но токму овој простор може да биде потполнет од страна на синдикатите. Токму синдикатите треба да се изборат да се извршуваат обуки на вработените во претпријатијата, иако работодавачите по правило се противат поради трошоците. Џем Снает информираше дека за лекување поради повреди и болести добиени на работа се троши пет отсто од националниот продукт на Турција.

Мурат Батур од Секторот за правна заштитта и колективно преговарање на МЕСС, во неговото излагање “БЗР во колективното преговарање“, информираше дека постојат два приода за БИЗ – класичен и проактивен. Класичниот приод , кој е се уште доминантен во повеќето земји, е реактивен и подразбира дополнителни интервенции после случените несреќи. Понов приод, кој се форсира и во ЕУ, е проактивниот, кој претпоставува интервенции пред случувањето на несреќите, а тука се и и ризиците за заболување. Новиот пристап е посеопфатен, додека клучен инструмент е проценка на ризикот.

Во вториот дел од семинарот ќе се одржи работилница за безбедноста и здравјето, при што без разгледувани условите во различните дејности.

Во рамките на Проектот “ECBOHS“ на 28 октомври 2011 година во ССМ се одржа Меѓународната конференција “Безбедност и здравје при работа – основно трудово право“.

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc