СЕМИНАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ НА РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Сојузот на синдикатите на Македонија, во рамките на Проектот “ECBOHS“ – Европски мостови за соработка за безбедност и здравје при работа, на 28 ноември организира семинар на тема “Влијанието на работните услови врз физичкото и психичкото здравје на вработените“.

Учесници на семинарот ќе бидат претставници на сите синдикати здружени во ССМ, додека предавачи ќе бидат експерти од странство. Во вториот дел од семинарот ќе се одржи работилница за безбедноста и здравјето.

Во рамките на Проектот “ECBOHS“ на 28 октомври 2011 година во ССМ се одржа Меѓународната конференција “Безбедност и здравје при работа – основно трудово право“. На конференцијата учествуваа министерот   за труд и социјална политика Спиро Ристовски, претставници на Делегацијата на ЕУ и на амбасадите на Словачка, Турција и Косово, додека предавачи беа експерти од Турција, Финска и од домашни институции.

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc