СЕМИНАР ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
За поширока акција е потребна прецизна родова статистика
За поширока акција е потребна прецизна родова статистика

Секцијата на жени при Сојузот на синдикатите на Македонија денес одржа семинар за родовата рамноправност во работните средини во Република Македонија. Излагачи беа Емил Крстаноски од Меѓународната организација на трудот, кој зборуваше на тема “Родовиот јаз во платите во РМ“ и Виолета Димовска, со темата “Законот за еднакви можности на мажите и жените“.

На семинарот се обрати претседателот на ССМ Живко Митревски, кој на членките на секцијата им порача дека жените имаат големи потенцијали во проширувањето на синдикалните активности. Планирани се повеќе форми на едукација, меѓу кои организирање школа за жени синдикални лидери.

Емил Крстаноски зборуваше за резултатите од истражувањето за родовиот јаз во Македонија. Резултатите покажуваат дека, наспроти преовладувачкото мислење дека не постојат разлики во платите, во Република Македонија дискриминацијата е доста раширена појава. Кај работниците со основно образование жените остваруваат 67,1 отсто од платите што ги добиваат мажите, додека во целина, на национално ниво, жените се за 17,5 отсто памалку платени од мажите. Исто така зголемената несигурност на работните места, вработувањето на определено време и намалените приходи најпрво ги погаѓаат жените.

Една од причините е ниската стапка на синдикално организирање кај женскиот дел од популацијата, нагласи Крстаноски, кој jа нагласи потребата од имплементација на Конвенцијата за еднакво наградување на МОТ (Конвенција број 100).

Виолета Димовска зборуваше за објекјтивните и субјективните околности во спроведувањето на Законот за еднакви можности за мажите и жените.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc