РАЗГОВОРИ СО УСАИД ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Двете страни со агенда за развој на локалните ресурси
Двете страни со агенда за развој на локалните ресурси

Доктор Јан Карловиц, директор на Проектот за младинска мрежа за стекнување вештини  за вработување и Марија Игњатова - Ѓошева, претставник на УСАИД, денес се сретнаа со претседателот на ССМ м-р Живко Митревски и секретарот на ССМ Анеѓелко Анѓелковски.

Тема да разговорот беше проектот што го води УСАИД во рамките на поттикнувањето на вработеноста, особено кај младите. Во рамките на овие проекти се разговараше за проширување на мрежата на лоикални економско – социјални совети во Струмица, Битола и Тетово.

На средбата се разменети искуствата на ССМ околу формирањето и функционирањето на економско – социјални совети на локално ниво и за проектот што го реализираа ССМ и МОТ околу формирањето на економско – социјални совети во Прилеп, Крушево и Ресен. Исто така се дискутираше околу Спогодбата за формирање економско – социјален совет во Струмица.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc