ДЕНЕС ВО ССМ СЕ ОДРЖУВА КОНФЕРЕНЦИЈАТА “БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА – ОСНОВНО ТРУДОВО ПРАВО“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Европските директиви се имплементираат, дополнителен предизвик е практичната примена
Европските директиви се имплементираат, дополнителен предизвик е практичната примена

Секој човек има право на лична безбедност на работното место. Може да се носат нови закони, да се прифаќаат и да се имплементираат директивите на ЕУ, но дополнително прашање е спроведувањето на прописите во практика. Што се однесува до Македонија, усвоени се доста стандари од ЕУ, додека претседателот на ССМ Живко Митревски и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски за медиумите изјавија дека се спроведува стратегија на тесна соработка за унапредување на безбедноста и здравјето при работа.

Ова се неколку од изјавите од денешната меѓународна конференција “Безбедност и здравје при работа – основно трудово право“, што се одржува во Сојузот на синдикатите на Македонија.

Утврдена е платформа за работа меѓу ССМ и Министерството за труд за безбедноста на работните  места
Утврдена е платформа за работа меѓу ССМ и Министерството за труд за безбедноста на работните места

Во текот на конференцијата изјави за медиумите дадоа претседателот на ССМ Живко Митревски, кој рече дека е утврдена заедничка динамика на соработка меѓу ССМ и Министерството за труд на планот на безбедноста и здравјето при работа. Се работи според препораките на Европската Унија и во план е отворање поширока дебата за практичното имплементирање на законите.

Новиот закон за безбедност и здравје во основа ги уредува прашањата околу безбедноста и здравјето во Република Македонија, нагласи Митревски, но потребно е проширување на нормите и стандардите. Ќе се направат анализи од тековните состојби и според резултатите очекуваме пропустите на теренот да бидат намалени.

Боледувањата чинат до четири отсто од бруто општествениот производ
Боледувањата чинат до четири отсто од бруто општествениот производ

Уште едно прашање од оваа област е борбата против неформалната економија, односно работењето на црно. Со Министерството се разговара за воведување електронска евиденција, што ќе значи елиминирање на работењето на црно, а со тоа и на повредите на работа, изјави Митревски.

Министерот за труд Спиро Ристовски информираше дека од Генералната рамковна директива на Европската Унија 89/39-1 произлегуваат 18 до 20 индивидуални директиви, од кои, пак, 15 се веќе имплементирани во Република Македонија. Боледувањата и отсуствата можат да чинат од три до четири отсто од бруто општествениот производ, што се огромни штети и за работодавачите и за општеството во целина. Со добро осмислен концепт за безбедност и здравје ќе се намалат трошоците на лекување и ќе се зголеми продуктивноста, додека државата ќе оствари големи заштеди.

Министерот Ристовски исто така ја нагласи утврдената и планирана соработка меѓу ССМ и министерството. Тој објасни дека паралелно со реализирањето на заедничката платформа се одвива засилена контрола на теренот. Извршени се 10.500 инспекциски контроли, над 300 времени контроли, донесени се 112 решенија за забрана, изречени се мандатни казни и поднесени се и кривични пријави.

На конференцијата се дебатира за ЕУ политиките и стратегиите за безбедност и здравје, практичната примена на европската легислатива, размена на информации и односот на безбедноста и продуктивноста. Предавачи се претставниците на Европските мостови за соработка за безбедност и здравје, кои ќе зборуваат на конференцијата на повеќе теми: Ајкут Енџин, Тунџај Јесилнил, Ерки Ирјанеми, Мирај Вурмај, Ехмет Ерсој и Хеики Латинен. На конференцијата присуствуваат претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, на амбасадите на Словачка и Турција, претставници на Косово, додека од македонските институции се присутни претставници на Министерството за труд и социјална политика, Организацијата на работодавачи, Правниот факултет, Државниот инспекторат за труд, Институтот за медицина на труд, Институтот за јавно здравје, Македонското здружение за заштита при работа и други институции.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc