УТРЕ СЕ ОДРЖУВА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Утре во Сојузот на синдикатите на Македонија, со почеток во 9:30 часот, ќе се одржи Конференцијата “Безбедност и здравје при работа – основно трудово право“, на која ќе учествуваат претставници на институции од Македонија, Турција и Финска и Европската Унија.

На конференцијата ќе се дебатира за ЕУ политиките и стратегиите за безбедност и здравје при работа, усвојувањето на европската легислатива во РМ, проценката на ризик на работното место, безбедноста и продуктивноста и за други блиски теми.

Конференцијата ќе ја отвори претседателот на ССМ Живко Митревски, додека ќе зборуваат претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, претставниците на проектот “ECBOHS“, Миран Вурмај од Турскиот синдикат на металските работници, претставници на Министерството за труд и социјална политика, претставници на Македонското здружение за заштита при работа, експертот од Финска Хеики Лаитинен, Ерки Ирјанеики од Министерството за социјална работа и здравство на Финска, Ахмет Ерсој од Министерството за труд и социјална работа на Турција и други.

Конференцијата се организира во рамките на проектот “ECBOHS – European Cooperation Bridges for Occupational Health and Safety“, помогнат од Европската Унија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc