ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “МРЕЖА ЗА ЗДРАВЈЕ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Од 24 до 26 октомври во Макарска, Република Хрватска, се одржува Завршната конференција на проектот “Мрежа за здравје и заштита при работа“.

Во проектот учествуваат синдикатите од финансиските дејности на Македонија, Црна Гора и Србија, како и координаторот, Здружението “Мобинг“ од Загреб. Проектот е финансиран од претпристапните фондови IPA – 2008 Civil Society Facility. Синдикатот на финансиските дејности е национален координатор за Република Македонија.

На конференцијата покрај синдикатите ќе учествуваат претставници на државните институции, организациите на работодавачи, судството, науката и невладините организации, вкупно по околу 30 учесници од секоја држава, не информира Гоце Селовски, претседател на СФДМ.

Конференцијата ќе ја отворат Јадранка Апостоловски од хрватското здружение “Мобинг“, инаку лидер на проектот, и претставникот на Европската комисија Хенк Висер. Претставниците на синдикатите од четирите држави ќе ги презентираат резултатите од работата на проектот. Во рамките на конференцијата ќе биде потпишана Спогодба за формирање на Регионална антимобинг мрежа.

ССМ и СФДМ  се доста ангажирани во дејствувањето против психичкото вознемирување на работните места, односно мобингот. Во декември 2010 година во ССМ е отворена Канцеларија за помош на жртвите на мобинг, додека ССМ бара и работи на донесување на посебен закон против мобинг.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc