СЕМИНАР ЗА ТИМСКО РАБОТЕЊЕ НА СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Предавачот Синиша Пекевски - Светот и технологијата се менуваат брзо, потребите од квалитетни тимови се се поизразени
Предавачот Синиша Пекевски - Светот и технологијата се менуваат брзо, потребите од квалитетни тимови се се поизразени
Денес во Сојзуот на синдикатите на Македонија Секцијата на млади при ССМ одржа семинар на тема “Креирање на тим и тимско работење“. Предавач беше м-р Синиша Пекевски, тренер во “SI Communication“, додека учесници беа околу 30 млади синдикалци, членови на Извршниот одбор на секцијата и членови на секциите на млади на синдикатите здружени во ССМ.

 

Предавањето на Синиша Пекевски опфати повеќе фази, како дефинирање на поимот тимско работење, креирање тим, фактори кои влијаат врз формирањето успешен тим, улогата на лидерот, значењето на меѓусебната комуникација и други прашања.

На семинарот активно учествуваа младите синдикалци, кои наведуваа конкретни примери од нивните работни средини, така што средбата се одвиваше на конверзациски и интерактивен начин. Во вториот дел на семинарот се одржа вежба, во која младите ги искажаа своите видувања за значењето и проблемите врзани за тимската работа.

Иако во агендата на семинарот се користеа сознанијата од американските дисциплини за функционирањето на персоналот во деловните средини, се покажа дека основните принципи се универзални. Преку конкретните примери се покажа дека квалитетните тимови значат поефективна употреба на ресурсите, подобро решавање на проблемите, подобар квалитет на предизвиците, поголема креативност и повисок квалитет на одлуките.

Генерален заклучок е дека во современиот свет тимското работење е неопходно за успешно работење на сите видови дејности, но и дека се потребни знаења за формирање на добри тимови.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc