ССМ ЗАДОВОЛЕН ОД ДОГОВОРОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
На пресот присуствуваа претседателите на синдикатите здружени во ССМ
На пресот присуствуваа претседателите на синдикатите здружени во ССМ

Чест ни е и задоволство што постигнавме договор за минимална плата во државата. Ова е историски чин за синдикатите и за синдикалното движење во Република Македонија, изјави претседателот на ССМ Живко Митревски на денешната прес конференција, свикана по повод постигнатиот договор за одредување минимална плата на национално ниво.

Задоволни сме од соработката и конструктивноста на нашите социјални партнери, Владата, работодавачите и на другите синдикални конфедерации. Изразуваме благодарност, затоа што покажаа храброст и одговорност кон граѓаните. Немаат само синдикатите причина за задоволство, затоа што сите субјекти во државата, посебно вработените, ќе имаат големи придобивки.

Одредувањето минимална плата го зацртавме на 18. Конгрес на ССМ и после нецела година се постигна договор. Покажавме дека ова раководство на ССМ се определи за конкретно дејствување, а и во мојата лична агенда претпоставувам точно поставени цели и утврдена акција.

Бенефити од минималната плата најпрво ќе добијат 65.000 работници, чии плати се пониски од минималната. Меѓутоа, предности ќе имаат и другите категории работници, додека добиваат и работодавачите. Со минималната плата ќе се намали сивата економија, ќе се постигне финансиска дисциплина, ќе се елиминира нелојалната конкуренција, нагласи Митревски.

Минималната плата не е статична категорија, туку е одредена на 39,59 отсто од просечната месечна бруто плата. Тоа значи дека минималната плата постојано ќе се усогласува и со порастот на платите ќе се менува и износот –  кој сега е 8.050 денари нето и 12.265 денари бруто. Инаку утврдениот процент е повисок од процентот во Шпанија, Словачка и во други европски земји. Во овој поглед ние влеговме во европското семејство на синдикатите.

Митревски: трите социјални партнери покажаа голема храброст и одговорност кон граѓаните
Митревски: трите социјални партнери покажаа голема храброст и одговорност кон граѓаните

На прашањето на новинарите дали работодавачите ќе можат да исплатуваат повисоки плати претседателот Митревски одговори дека во Економско – социјалниот совет се внимаваше да се одреди оптимален износ, кој нема да ја оптовари претпријатијата. Нема да с егубат работни места и нема да се затвораат претпријатија. Времето ќе покаже дали сме го погодиле историскиот контекст и дали одлуката е донесена во вистинско време.

На пресот новинарите се интересираа за состојбата во две гранки, градежништвото и текстилот. Претседателот на СГИП Павел Трендафилов одговори дека просечните плати во нискоградбата изнесуваат 5.500 денари и во високоградбата околу 8.000 денари. Од друга страна, се форсираат капиталните инвестиции, па ако е така, не гледам причина работодавачите во градежништвото да не можат да исплаќаат плати над минималната.

Ангелко Ангелковски, претседател на Синдикатот на работниците за текстил, кожа и чевли, рече дека со одредувањето минимална плата е направен чекор напред во овие три сектори. Познато е дека платите се најниски во овие гранки и сигурно е дека минималната плата е голема придобивка.

Во продолжение на пресот претседателот Митревски  информираше за Предлог – законот за европски работнички совет. ССМ учествува во проектот и наскоро законот ќе стигне на усвојување во Собранието.

Живко Митревски на Шестата седница на ЕСС зборува за заедничкото достигнување на социјалните партнери
Живко Митревски на Шестата седница на ЕСС зборува за заедничкото достигнување на социјалните партнери

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc