ПРИЗНАНИЕ ОД ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Од средбата: се поклопуваат интересите на членството на двете организации
Од средбата: се поклопуваат интересите на членството на двете организации

Денес Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија предаде благодарница на Сојузот на синдикатите на Македонија, по повод одбележувањето на 65 – годишниот јубилеј на пензионерското организирање во Македонија.

Благодарницата ја врачи претседателот на СЗПМ Драги Аргировски, додека од името на ССМ плакетата ја прими претседателот Живко Митревски.

Претседателите на двете организации се согласија дека ССМ и СЗПМ имаат  блиски мисии, грижата за стандардот на своите членови. Иако членовите припаѓаат на различни слоеви во општеството, сепак имаат многу блиски интереси. Сегашните пензионери биле работници и обратно, така што постои силна меѓусебна зависност.

Активностите на двете организации се сами по себе благородни и затоа начелно сме упатени на соработка, изјави претседателот Живко Митревски. Познато е дека ССМ води иницијатива за проширување на условите за пензионирање и тоа е еден од можностите да излеземе заедно пред државните органи. Секоја помош е добредојдена и секако дека една иницијатива добива во тежина ако се добие логистичка поддршка од пензионерските здруженија. Истото се однесува на други клучни закони.

Нам не ни е сеедно како живеат пензионерите. Ние не се грижиме за луѓето само до пензија, туку важно е како ќе опстануваат и после завршувањето на работниот век. Една од нашите идеи е синдикално организирање на пензионерите, во облик на посебна синдикална организација. Тоа е практика во западните земји и нема причина истото да не се создаде и во Македонија, нагласи претседателот Митревски.

Ние сме ветерани на трудот и не ни е сеедно какви се односите во социоекономската сфера во државата. Заинтересирани сме за пораст на вработеноста, затоа што се повеќе се зголемува односот меѓу вработените и пензионерите. Во Македонија има 273.000 пензионери, од кои 235.000 се активни членови на пензионерските здруженија, рече Драги Аргировски.

Секретарот на СЗПМ Станка Трајкова истакна дека пензионерскиот сојуз ја поддржува агендата за проширување на условите за пензионирање, без измена на старосната граница, односно да постојат алтернативи за доброволно одење во пензија.

Претседателите на ССМ и СЗПМ се согласија дека постојат и други бројни облици на заедничко дејствување, како учество на СЗПМ на седниците на ССМ за прашањата околу пензионерите и обратно. Идната година во Европа е прогласена за “Година на меѓугенерациска соработка и солидарност“, со што се отвора можност за отворање на прашањата околу пензионирањето во Република Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc