СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОРТУГАЛСКИОТ СИНДИКАТ “СИМА“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОРТУГАЛСКИОТ СИНДИКАТ “СИМА“Кои се последиците на светската економска криза во Македонија и каков е придонесот на социјалните партнери во справувањето со кризата беше тема на разговор на претставниците на Синдикатот за индустрија и металургија “СИМА“ од Португалија, Алберто Симоес и Ана Филипе, со претседателот на ССМ Живко Митревски, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Раско Мишкоски и претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија Миле Бошков.

На средбата стана збор за размената на информации меѓу ССМ, КСС, Бизнис Конфедерацијата со синдикатот “СИМА“, како и за учество во проектот “Volontary way“. Во проектот се вклучени синдикати и организации на работодавачи од Естонија, Латвија, Ирска, Турција, Хрватска, Полска и Македонија.

Искуствата од Португалија говорат дека со социјални разговори може да се решат некои прашања. Бидејќи имаме сознанија дека во Македонија постои социјален дијалог, изјавија гостите, наша цел е да дознаеме каква е улогата на социјалните партнери во ублажувањето на кризата.

Претседателот на ССМ Митревски објасни дека Сојузот на синдикатите на Македонија се вклучи во напорите за ублажување на економската криза. Република Македонија беше нетипично погодена од кризата и тоа е предност, но сепак беа донесени три пакети антикризни мерки. ССМ понуди свој антикризен пакет, и тоа во три дела – за економските прашања, за социјалниот дијалог и за колективно преговарање и договарање и справување со невработеноста. Дел од пакетот на ССМ беше прифатен во антикризните мерки на Владата, информираше Митревски.

Алберто Симоес и Ана Филипе се независни адвокати, кои работат за Синдикатот “СИМА“.Во последните десет години тие имаат повеќе ангажмани со Европската комисија, врзани за социјалниот дијалог во земјите членки и земјите кандидатки.

Во проектот се вклучени меѓународните рамковни договори во мултинационалните компании во Македонија и имплементацијата на европските директиви. Рамковните секторски договори се однесуваат на платите, здравственото осигурување и социјалните прашања.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc