СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО РУДАРСТВОТО ИМ ГО ЧЕСТИТА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ 28 АВГУСТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
26.08.2011_foto_227.08.2011

Поголеми плати и максимално внимание на безбедноста и здравјето се барања на македонските рудари кои треба да се поддржат. Рударството е важна индустриска гранка, со над 8.000 вработени...


 

26.08.2011_foto_5

26.08.2011_foto_4

26.08.2011_foto_3

 

Сојузот на синдикатите на Македонија на работниците, раководителите, надлежните служби, здруженијата и на сите субјекти ангажирани во рударството им го честита  Денот на рударите 28 Август.

Годинава на Голема Богородица, денот кој рударите истовремено го одбележуваат како свој празник, се одбележуваат 82 години од штрајкот во Лојане, кумановско, кога работниците бараа подобри услови за работа и поголеми плати. И после толку години, платите и безбедноста се двете најголеми барања на работниците во подземните и надземните копови. Оправдани се и барањата за бенефициран стаж, затоа што рударската професија, според сите истражувања, е најтежок занает на светот.

Сите субјекти во земјава најсериозно треба да се заложат да се решат овие прашања, затоа што рударството е една значајна индустриска гранка во македонското стопанство. Во Република Македонија постојат околу сто рудници, во кои се вработени над 8.000 лица, додека минералните суровини учествуваат со 22,36 отсто во структурата на индустриското производство, од што металите 11,24 и неметалите 11,12 отсто.

Овие бројки ја објаснуваат важноста на рударството. Меѓутоа, за нас, како синдикат, најважни се, покрај животниот стандард, безбедноста и здравите услови за работа на рударите. За да се намали бројот на несреќите кај работодавачите и кај надлежните државни служби мора да се инсистира да вложуваат во сигурноста, современата опрема и безбедноста.

 


ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc