АПЛИКАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

29.07.2011_aplikacija_nacionalna_nagrada_logoa

29.07.2011

Министерството за економија објави оглас за Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија. Наградата се спроведува во рамките на проектот “Општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“...

 

 

ОГЛАС ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НАСОКИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата на 27 јули објавија оглас за доделување на “Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2010 година“.

Годинешната награда ќе се доделува во пет категории:
Награда во областа на односи со вработените;
Награда во областа на етичкото управување;
Награда во областа на односите на пазарот (снабдувачи и потрошувачи);
Награда во областа на животната средина;
Награда во областа на вложување во заедницата.

За секоја од овие категории ќе се доделат по две награди, и тоа за големо претпријатие, односно корпорација, и за мало и средно претпријатие.

Цел на наградата е промовирање на позитивните практики на одговорно делување на претпријатијата и инспирирање на понатамошно унапредување на општествената одговорност.

Општествената одговорност се дефинира како одговорност на претпријатијата за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина. Тоа се постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржливиот развој и ги зема во предвид очекувањата на засегнатите страни, исто така е во согласност со меѓународните норми.

Концептот на општествената одговорност е се позначаен за успешното работење на претпријатијата, како во глобални рамки, така и во Република Македонија. Проектот е кофинансиран од Европската Унија, во рамките на “Рамковната програма за конкурентност и иновации“, кој е спроведуван од Министерството за економија, во партнерство со Македонската развојна фондација за претприемништво, Сојузот на стопанските комори на Македонија и здружението “Конект“.

Сојузот на синдикатите во своите изворни програмски определби е живо заинтересиран за унапредување на општествената одговорност во македонските претпријатија. Имено, општествената одговорност е концепт кој е многу близок до нашите вкупни залагања и оттаму ССМ активно ќе учествува во промовирањето и развојот на општествената одговорност.

Пријавите се примаат до 20 септември, додека наградите ќе се доделуваат на 26 октомври 2011 година. Ги објавуваме документите за аплицирање на Националната награда за општествена одговорност.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc