ТРЕТ МЕСЕЦ ШТРАЈК ВО ДТГ“ МАВРОВО ИНЖЕНЕРИНГ“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
11.07.2011_mavrovo_strajk_111.07.2011

Не е добро кога државата не се грижи за гаснењето на еден градежен бренд, познат во земјава и во странство. Синдикатот апелира на интервенција на институциите на државата...



Ако претпријатието работи на капитални инвестиции, зошто нема плати?

11.07.2011_mavrovo_strajk_2
Од протестниот собир во мај

Ако стратешката цел е зголемување на вработеноста, тогаш не смее да се дозволи да пропадне познато претпријатие со 500 вработени лица. Брендот  “Маврово“ е познат во земјава и во странство и затоа сметаме дека за претпријатието има место во економскиот систем на државата, изјави Нане Ивановски, претседател на Синдикалната организација на ТДГ “Маврово инженеринг“, на конференцијата за печат по повод на штрајкот, кој денеска трае веќе 69 – ти ден.

Барањата се исплата на заостанатите плати, обезбедување сини картони и решавање на паричните побарувања од странство. Плати нема од месец декември, така што работниците практично немаат од што да живеат, предупреди Ивановски.

Сега сопственоста  на ТДГ “ Маврово инженеринг“ е по 50 отсто на “ИНГРА“ од Загреб и “Медија трејд“, меѓутоа тие немаат меѓусебна координација, беше кажано на прес конференцијата.

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Павел Трендафилов рече дека СГИП повеќе пати апелира до институциите да се реши состојбата до ТДГ “Маврово инженеринг“. Се врши класична злоупотреба на работниците. Ако претпријатието работи на капитални објекти за Владата и остварува приходи, каде се платите за работниците? Законот за работни односи треба да се дополни, затоа што на работодавачите им дозволува да ангажираат работници на црно и да прават што сакаат.

Постои судска пресуда во наша корист, за продадените машини и опрема, па интервениравме во УЈП и до трудовата инспекција, информираа Трендафилов и Ивановски. Меѓутоа, потребни се посеопфатни акции. Не гледам логика некаде да се отворат 150 нови работни места, а да се трипати повеќе да се изгубат, рече Трендафилов.

На прашањето на новинарите за евентуален стечај синдикалците одговорија дека не помислуваат на таква опција и дека тоа за никого не е решение, најмалку за работниците. Тоа сега работат на црно за да можат да преживеат. Повеќе размислуваме за покренување судски спор, изјавија синдикалците.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc