ИЗБРАН СЕКРЕТАРИЈАТ НА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

04.07.2011

На првата седница на Секцијата на жени конституиран е Извршниот одбор и избран е Секретаријат од пет члена. Во продолжение е одржан семинар за родовата еднаквост...

На 30 јуни се одржа седница на Секцијата на жени при Сојузот на синдикатите на Македонија. На седницата се избрани пет членови на Секретаријатот, конституиран е Извршниот одбор и се утврдени насоките за идните активности на секцијата..

Ова е прва седница на Секцијата на жени после одржувањето на Третата конференција на 9 јуни во Охрид. На конференцијата во Охрид се усвои Програма за работа, додека за претседател е избрана Елизабета Гелевска, секретар на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија (СТКЧ),

На 30 јуни во продолжение на седницата е одржан семинар “Родовата еднаквост во Република Македонија и законската регулатива поврзана со родовата еднаквост“, на која предавач беше Виолета Димовска, членка на Извршниот одбор на Секцијата на жени.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc