ШТРАЈК ВО РАДЕ КОНЧАР – СЕРВИС
22.06.2011
Работници на ДОО “Раде Кончар – сервис и поправка на електрична опрема“ од понеделникот се во штрајк. Во Синдикалната организација велат дека причина е што раководството одбива да разговара за колективен договор на ниво на претпријатие...
![23.06.2011_strajk_rade_koncar](/images/stories/news/23.06.2011_strajk_rade_koncar.jpg)
Во последните неколку години сме соочени со постојано намалување на правата од работен однос, изјавува Марјан Поповски, претседател на Синдикалната организација. Нашата цел е со колективен договор да се регулираат прекувремениот и ноќниот труд, надоместокот за годишни одмори, правото на добивка, безбедноста и здравјето при работа и други права, кои сега се одредуваат само од страна на директорот Аце Антевски.
Поповски вели дека проблемите во односите меѓу работниците и управата започнале пред две години. Во месец февруари е доставено барање за преговори за потпишување колективен договор на ниво на претпријатие, но одговор не е добиен. Во мај истото барање е повторно игнорирано, по што Синдикалната организација одлучи да организира штрајк.
Марјан Поповски рече дека минатата година се вршени притисоци врз вработените да се откажат од членувањето во Синдикалната организација. Штрајкот почна во понеделник и продолжува на неодредено време.