ВТОРО РЕШЕНИЕ ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА РАБОТОДАВАЧИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

22.07.2010

Министерството за труд и социјална политика го додели второто решение за репрезентативност на Организацијата на работодавачи. Владата, синдикатите и ОРМ се трите партнери на социјалниот дијалог на национално ниво...

Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)

 

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) вчера доби второ решение за репрезентативност од Министерството за труд и социјална политика, се вели во соопштението кое ОРМ го упати до медиумите.

Во соопштението се вели дека врз основа на член 213, став 2 од Законот за работни односи, министерот за труд и социјална политика вчера и го додели второто решение за репрезентативност на ОРМ. Со ова решение се потврдува репрезентативноста на Организацијата на работодавачи, која значи легитимитет за потпишување на Општиот колективен договор за приватниот сектор за територијата на Република Македонија.

Првото решение кое ОРМ го доби пред неполн месец значи исто така и легитимитет за учество во трипартитните тела на социјалното партнерство и трипартитните делегации на социјалните партнери - работодавачите, синдикатите и Владата.

Организацијата на работодавачи е единствената организација на работодавачи која ја докажа својата репрезентативност и ги доби овие две решенија, се вели во известувањето, потпишано од претседателот на ОРМ Димитар Стојановски.

На 25 јуни Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Организацијата на работодавачи на Македонија од Министерството за труд и социјална политика добија решенија за репрезентативност. Потврдувањето на репрезентативноста на претставниците на работниците и на работодавачите е крупен чекор напред во институционализирањето на социјалниот дијалог на национално ниво во Република Македонија.

Во прв ред се работи за конституирање на Економско – социјалниот совет, трипартитно тело на национално ниво, кое е составено од претставници на трите социјални партнери – Владата, синдикатите и работодавачите. Во основа постоењето и функционирањето на Економско – социјалниот совет е прифаќање на европските вредности во уредувањето на економските и социјалните прашања во една држава. Улогата на ЕСС е редовна комуникација, заедничка дискусија, размена на мислења, трипартитно одлучување, мислења за законите и постигнување социјален мир. Од Република Македонија веројатно ќе се очекува да го следи го следи поновиот тренд кај економско – социјалните совети во Унијата, а тоа е проширување со граѓанскиот сектор, како невладините организации, волонтерски, добротворни и други здруженија.

Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи се потписници на Општиот колективен договор за стопанството. Двете организации на 18 јуни 2010 година утврдија пречистен текст на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (договорот е комплетно достапен на истиов сајт, на банерот “Договори“).

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc