ССМ ДЕНЕС ПРЕДЛОЖИ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

5.07.2010

Мерки за економски развој, активна политика за намалување на невработеноста и напредок во социјалниот дијалог се трите корпус прашања кои ги предлага Сојузот на синдикатите за ублажување на кризата. Предлозите ќе бидат доставени во Владата и Организацијата на работодавачи...

 

Во склад на новиот курс на Сојузот на синдикатите на Македонија, поактивна политика во однос на сите прашања, денес ги изнесуваме трите корпус мерки кои ССМ ги предлага за ублажување на последиците од економската криза. Тоа се мерки за економски развој, мерки за намалување на невработеноста и активен социјален дијалог, изјави на денешната конференција за печат претседателот на ССМ Живко Митевски.

Нашата намера е да спречиме светската економска криза, која силно се одразува во македонската економија, да прерасне во социјална криза. Уште денес пакетот мерки ќе ги доставиме до социјалните партнери, Владата и Организацијата на работодавачи, додека институционално тоа ќе го сториме на првата седница на Економско – социјалниот совет, кој треба да се конституира за 15 до 20 дена, објасни Митревски.

Сметаме дека секој фактор во земјата треба да придонесе во ублажувањето на последиците од економската криза. Владините мерки и програми се насочени во правец на ублажување на последиците на светската криза, но како Синдикат сметаме дека има простор за дополнителни мерки, за кои ќе бараме прифаќање од страна на социјалните партнери.

Во продолжение го објавуваме во целост Предлозите на ССМ за ублажување на социо – економската состојба на работниците и намалување на невработеноста во државата.

 

Сојузот на синдикатите на Македонија
Претседателство на Советот на ССМ

 

ПРЕДЛОГ

Претседателството на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на седницата од 28.06.2010 година, ја разгледа Информацијата за економската состојба во државата во 2009  и првиот квартал од 2010 година.

Претседателството на Советот на ССМ согледувајки ги економските состојби во Република Македонија, кои во голема мера се предизвикани и се одраз (последица) на светската финансиска криза, констатира дека работниците и граѓаните најдиректно го почуствуваа  влијанието на кризата. Ова од своја страна ја наметнува потребата од градење на нови стратегии кои ќе промовираат реформи на среднорочен и долгорочен план поврзани со раст и нови вработувања.

Расправајќи по овие суштински прашања и проблеми, Претседателството на Советот на ССМ ги усвои следните

 

П Р Е Д Л О З И
на Сојузот на синдикатите на Македонија за ублажување
на економско - социјалната состојба на работниците и
намалување на невработеноста во државата

Сојузот на синдикатите на Македонија од сите субјекти, надлежните органи и институции бара доследно спроведување на соодветни мерки и активности за справување со кризните состојби, а особено во делот на:

I. Економски развој

  1. целосно спроведување на четирите пакети на антикризни мерки од сите субјекти илволвирани во овој процес;
  2. преземање дополнителни мерки за подобрување на инвестиционата клима во државата, за привлекување на странски и домашни инвеститори, за отварање нови работни места, со што ќе се ублажи проблемот   со невработеноста;
  3. навремено враќање на средствата на претпријатијата по основ на ДД, но и навремено исполнување на обврските на сите субјекти кон државата;
  4. поддршка преку субвенционирање за зачувување на  работните места во секторите на економијата, посебно во производството на метали, текстилната индустрија, градежништвото, земјоделие и други гранки. Вклучување на домашните работодавачи и работници во изработка на предвидените јавни проекти и работи;
  5. поддршка за отварање работни места во сите сектори на економијата и создавање нови можности за пристојна работа преку унапредување и развој на одржливи претпријатија;
  6. создавање услови за утврдување на минималната плата во државата како економска и социјална категорија со закон по завршување на кризата;
  7. доследно спроведување на обврската на работодавачите утврдена со Закон и колективен договор,  за редовна исплата на   платите на нивните вработени и зголемување на платите, согласно трендот на инфлацијата и продуктивноста;
  8. отвореност на банкарскиот сектор и олеснување на пристапот до евтини банкарски кредити за претпријатијата, со кои ќе се овозможи продолжување и зголемување на производството за  одржување на нивната ликвидност;
  9. репрограмирање на достасаните обврски на претпријатијата, како и обезбедување помали камати на инвестициските кредити;
  10. стратегии за буџетска консолидација кои осигуруваат раст, главно финансиран врз намалување на трошоците;
  11. фискална дисциплина на даночните обврзници;
  12. промоција на економската, социјалната и територијалната кохезија и развој на инфраструктурата;
  13. почитување во целост на меѓународните стандарди за работничките права во контекст на прекин на работниот однос по основ на деловни причини или стечај;
  14. намалување на работното време од 40 часа на 32 или 36 работни часа, остатокот да е субвенциониран од државата проследен со програма за едукација, односно прекфалификација;
  15. Во случај на активирање на принудни одмори 30-50% од исплатата на ваквите работници да оди од страна на државниот буџет со активирање и отворање на можности за обуки за преквалификација за тие работници. Средствата за овие намени да се конпензираат од посебни фондови финансирани со помош на ЕУ фондовите;
  16. идентификација на тесните грла кои го попречуваат развојот и намерите и начините за нивно справување со вклучување на социјалните партнери;
  17. изработка на социјален план за работниците што останале и што ќе останат без работа поради светската финансиска криза со кој државата и работодавачите  ќе обезбедат одредени помошти во рамките на реалните можности;

II. Невработеност

Целосното и продуктивно вработување и пристојната работа да бидат во фокусот на активностите за справување со кризата. Во оваа смисла потребно е:

  1. зголемување на ефикасната побарувачка и помагање во одржувањето на нивото на платите, вклучително и преку макроекономски стимулирачки пакети;
  2. помагање на лицата што бараат вработување преку:
    1. спроведување на ефикасни, соодветно насочени активни политики на пазарот на трудот;
    2. подобрување на конкуренцијата и зголемување на ресурсите што се достапни за јавните служби за вработување, така што лицата што бараат вработување ќе добијат соодветна поддршка и во случаите кога работат за приватни агенции за вработување, обезбедување квалитетни услуги и почитување на правата;
    3. спроведување програми за стекнување стручни и претприемачки вештини за платено вработување и самовработување;
  3. вложување на развој на вештините на работниците, подобрување на вештините и преквалификување заради подобрување на можностите за вработување, особено за лицата што ја загубиле или се под ризик да ја загубат работата или за ранливите групи;
  4. ограничување или избегнување на загуби на работни места и поддршка на претпријатијата во здружувањето на работната сила преку добро планирани шеми што ќе се спроведуваат преку социјален дијалог и колективно договарање. Тука може да се  вклучи поделбата на работата и делумните надоместоци за невработеност;
  5. препознавање на придонесот на малите и средни претпријатија (МСП) и микро претпријатијата во отворањето работни места и промовирање на мерки што вклучуваат пристап до достапни кредити, при што ќе се овозможи поволна средина на нивен развој;
  6. користењето на јавните шеми за гарантирање на вработувањето при привремено вработување, програмите за јавна работа при итни случаи и други шеми за директно отворање на работни места, кои што се добро насочени и ја вклучуваат неформалната економија;
  7. воспоставување на регулаторна средина што е погодна за отворање работни места преку отворање и развој на одржливи претпријатија;
  8. зголемување на инвестициите во инфраструктурата, истражувањето и развојот, јавните услуги и "зеленото" производство и услуги како важни алатки за отворање на работни места и поттикнување на одржливи економски дејности.
  9. спроведување на Националниот акционен план за вработување  2008-2010, особено во делот на изготвувањето на програми за  вработување на млади образовани лица, но и едукативни  курсеви за преквалификација и доквалификација на лицата кои чекаат долго за вработување, а се без, или нецелосно  образование, за нивно побрзо вработување;
  10. промовирање на инвестирањето во човечките ресурси и пружање подобри прилики и овозможување на стекнување нови вештини на работниците од сите старосни групи;
  11. зголемување на инвестициите во инфраструктурата, истражувањето и развојот,  јавните услуги и производство на здрава храна што ќе овозможи отворање на нови работни места;
  12. што повеќе воведување на програми за јавна работа;
  13. воведување на програми за вклучување на неформалната економија и работењето на црно во сферата на формално работење и вработување;
  14. воведување на повеќе услови за пензионирање, како еден од начините и можностите за вработување на млади лица.

III. Социјален дијалог и колективно договарање

  1. преку социјален дијалог и колективно договарање да се обезбедуваат планирани шеми за ограничување на губењето на работните места и поддржување на претпријатијата за задржување на што повеќе работници на своите работни места;
  2. склучување колективни договори на ниво на гранки, оддели и на ниво на работодавачи, како еден од битните механизми и елементи во уредувањето, остварувањето и заштитата на правата на работниците;
  3. формирање на посебни одбори во рамките на Организацијата на работодавачите на Македонија, за да се обезбеди можност за потпишување на колективни договори во дејностите каде не се потпишани.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc