РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИТЕ СОВЕТИ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

30.06.2010

Меѓународната организација на трудот денес и утре во Охрид одржува трипартитна конференција за економско – социјалните совети во време на криза. Ќе присуствуваат делегации од 11 земји...

Во Охрид делегати од единаесет земји од поширокиот регион

 

“Улогата на економско – социјалните совети во време на криза“ е тема на дводневната конференција што денес и утре во Охрид ја одржува Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Целта на конференцијата е размена на искуства и добри практики во однос на составот и функционирањето на најважните институции на трипартитниот социјален дијалог, односно на економско – социјалните совети.

На конференцијата се предвидени три панел – сесии, посветени на: социјалниот дијалог, улогата на економско – социјалните совети во време на криза и на родовата балансираност во телата на трипартитниот социјален дијалог.

На средбата учествуваат делегации од 11 земји, предводени од министрите за труд, претседателите на синдикатите и на организациите на работодавачите. Сојузот на синдикатите на Македонија ќе го претставува претседателот Живко Митревски.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа Марк Левин и Роберт Шаламанов од Австриската агенција за развој.

На првата дискусија, “Клучните предизвици на социјалниот дијалог во Западниот Балкан и Молдавија“, ќе учествуваат Јон Негреи од Молдавија, Спиро Ксера од Албанија, Џељаљ Бајрами од Македонија, Дамир Диздаревиќ од Босна и Херцеговина, Зоран Томиќ од Црна Гора и Снежана Лакичевиќ – Стојачиќ од Косово.

На конференцијата ќе бидат претставени економско – социјалните совети во неколку земји. Стивен Дуризма ќе зборува за Економскиот и социјалниот совет во Холандија, Андреј Јукл за Советот за економска и социјална согласност во Чешка, Валентин Мокану за Економскиот и социјалниот совет во Романија и Даница Цветко за Економскиот и социјалниот совет во Словенија.

На 1 јуни ќе се води панел дискусија за улогата на економско – социјалните совети во време на криза и подоцна панел дискусија за родовата рамноправност.

“Економско – социјалните совети – предизвици и солуции“ е наслов на презентација на економско социјалните совети на Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Србија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc