ИТУЦ: ВО ЕВРОПА ПОРАСТ НА АНТИСИНДИКАЛНАТА ДИСКРИМИНАЦИЈА И РЕПРЕСИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

9.06.2010

Меѓународната конфедерација на синдикатите укажува на сериозно влошување на синдикалните права во 2010 година во многу земји во цела Европа. Синдикатите се застрашуваат и се малтретираат, додека активистите ги губат работните места и завршуваат на суд...

Гај Рајдер, генерален секретар на ИТУЦ: Европа треба да биде пример за почитување на синдикалните права

 

Во Европа се бележи значителен пораст на антисиндикалната дискриминација и репресија, гласи заклучокот на поглавјето “Европа“ во Прегледот на ИТУЦ за 2010 година за кршењето на синдикалните права во целиот свет. Овој тренд подеднакво е присутен кај силните синдикални организации во западна Европа и во економиите на источна Европа. Во 2009 година повеќе од 60 работници во европските земји се лишени од слобода поради учество во синдикалните активности, воглавно во Турција и Белорусија.

Во извештајот на ИТУЦ се вели дека во Европа, која до неодамна на светската сцена се гледаше како социјален модел, се чувствува ударот на глобалната и финансиската криза. Милиони работници на континентот ги изгубија нивните работни места, а масовни протести избија во неколку земји откако владите не успеаја да се изборат со кризата. Работниците се тие кои ја плаќаат цената на кризата, и тоа мошне скапо.

Вториот тренд на кој укажува Прегледот на ИТУЦ е трендот на ограничување на правата на синдикатите да се вклучат во колективните мерки, што се случува во многу земји. Во Руската федерација е доставена жалба до Меѓународната организација на трудот (МОТ) во врска со се почестите напади на синдикалните лидери, мешањето на владите, одбивањето да се изврши регистрација на синдикатите или нивното признавање, како и сеопфатното отсуство на напорите за истражување на синдикалните права. Во Белгија синдикалните организации вложија жалба до Европскиот комитет за социјални права поради националните закони кои им дозволуваат на работодавачите да се спротивстават на штрајкот со тоа што судот врши интервенција кај колективните работни спорови.

Турција е место на бројни антисиндикални постапки, додека кршењето на синдикалните права е широко распространето. Покрај скоро потполното заостанување на ускладувањето на законите за синдикатите со ЕУ стандардите и со Конвенциите на МОТ, правата на штрајк и на колективното преговарање се исклучително ограничени. Работодавачите вршат притисок врз работниците да ги напуштат синдикатите, а мешањето во внатрешните прашања на синдикатите е вообичаена практика. Уште една загрижувачка ситуација во внатрешните прашања на синдикатите е честото застрашување на синдикалците на судовите. Синдикалците се соочуваат со обвинувања на “тероризам“, што можеше да се види на судењето на 31 член и на лидерот на “КЕСК“, националниот синдикат на работниците во јавниот сектор.

Прегледот на ИТУЦ уше еднаш го потенцира антисиндикалниот карактер на политичкиот режим во Белорусија. Состојбата со синдикалните права во таа земја се влошува. И покај напорите да се решат некои прашања, како што е одбивањето за регистрација на синдикатите или отпуштањето од работа заради синдикална активност, властите во Белорусија се уште не го започнаа акциониот план за спроведување на Препораката на комисијата за истраги на МОТ. Се користат и законски средства против синдикатите, како што е случај во Албанија, каде владата превзема законски мерки за одземање на имотот на синдикатите и на тој начин им оневозможува ефективно да ги водат своите активности. Во Грузија и Украина работодавачите презедоа силна офанзива против синдикатите, со поведување вкупно 106 спорови пред судовите против синдикатите и нивните лидери, во настојување да ги уништат организациите. Во Обединетото Кралство во месец март е откриена операција со црна листа.

Покрај префрлање на други работни места, деградирања, намалување на платите, вознемирувања и манипулации, една од главните казни во европските земји се отпуштањата, со што се опструираат понатамошните активности. Оваа тактика се применува во Хрватска, Швајцарија, Полска, Украина, но и во Русија, каде се отпуштени 60 синдикалци поради нивното синдикално ангажирање.

Мерката што се превзема на крајот, правото на штрајк, иако е основно и признато право, е неправедно ограничено во многу европски земји. Најчестата опструкција се состои од укажување на листата на “клучните служби“, која излегува надвор од рамките што ги дефинира МОТ, но и од нејзиното користење за блокирање и сериозно ограничување на можноста за покренување штрајк. Во Србија, доколку се одржи штрајк, и покрај тоа што е прогласен за незаконски, синдикатите кои го организирале штрајкот и работниците кои учествувале ќе се соочат со тешки законски последици.

Државните службеници не се изземени од антисиндикалната практика. Во Естонија, Грција, Германија, Турција и Украина законот не им дозволува на државните службеници да се вклучат во колективните мерки, или им го ограничува ова право. Што се однесува до колективното преговарање, ова право им е забрането на државните службеници во Бугарија и во Германија.

Прегледот на ИТУЦ нагласува дека практичната примена на законите за синдикалните права и понатаму останува неефикасна во многу земји. Во Грузија и Хрватска надгледувањето и следењето на кршењето на синдикалните права е потполно неадекватно. Конечно, на Балканот повеќе од 700 работници беа жртви на недозволена трговија со работници во Азербејџан.

“Европа има обврска да води со примери со тоа што ќе ги почитува синдикалните права“, изјави Гај Рајдер, генерален секретар на ИТУЦ. “Економската и финансиската криза неоправдано често се користат како изговор за најниските плати, посебно на работниците.“

Меѓународната конфедерација на синдикатите (International Trade Union Confederation) обединува 312 национални синдикални организации од 156 земји во светот. Целокупното членство брои 176 милиони работници.

Примарната цел на ИТУЦ е промоција и одбрана на правата и интересите на работниците, преку меѓународна соработка, соработка на синдикатите, светски кампањи и правна заштита кај светските правни институции. Принципите на ИТУЦ се синдикалните и човечките права, економска, социјална и слобода во изборот на работата, еднаквост и недискриминација и интернационална солидарност.

Регионални организации на ИТУЦ се Азиско – пацифичката регионална организација (ITUC - AP), Африканската регионална организација (ITUC-AF) и Американската регионална организација (TUCA). ИТУЦ тесно соработува со Европската конфедерација на синдикатите (European Trade Union Confederation), во што е вклучен Паневропскиот Регионален совет, основан во март 2007 година. Исто така ИТУЦ остварува блиска соработка со Меѓународната организација на трудот и со други интернационални синдикални организации.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc