ОБУКА ЗА КОМПЈУТЕРСКО РАБОТЕЊЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

3.06.2010

Како дел од активностите на Регионалниот Економско - социјален совет во Куманово беше организирана обука за компјутерско работење. Курсот го финансира УСАИД, во чија агенда е основање на локални економско – социјални совети и развој на сите локални ресурси...

 

Во организација на Регионалниот Економско – социјален совет на Куманово од 26 до 28 мај се одржа обука за компјутерски програми. Обуката за веб дизајн, програмите ADOBE и Photoshop CS4 ја поминаа повеќе учесници од Куманово и од Крива Паланка. На учесниците им беше направена проверка на знаењето, по што добија сертификати, кои се признаваат во Агенцијата за вработување, информира Гордица Бошковска, правен застапник во Регионалниот синдикален совет на Сојузот на синдикатите на Македонија во Куманово.

Обуката ја финансираше организацијата USAID која, заедно со  институциите на Европската Унија, е посебно заинтересирана за развој на локалните ресурси во Република Македонија во сите домени. Како дел од таа агенда е и основањето на Регионалниот Економско – социјалниот совет во Куманово, кој е званично формиран на 7 декември 2009 година. Во кумановскиот ЕСС членуваат претставници од локалната самоуправа, Организацијата на работодавачи и претставници на синдикатите.

Наскоро може да се очекуваат иницијативи за основање на други локални економско – социјални совети во другите региони во Република Македонија. Согласно агендите на УСАИД и на европските институции, добар дел од активностите за развој на локалните ресурси ќе бидат конкретни курсеви, обуки и работилници, како што е обуката за компјутерско работење во Куманово.

Во Република Македонија во 1996 година е основан Економско – социјален совет, кој има советодавна и консултативна функција. Во доменот на ЕСС е разгледување на сите прашања од економската политика, политиката на цените и платите, трудот и социјалната сигурност, колективното договарање, животниот стандард, вработувањето, заштитата при работа, здравствената заштита, пензиското и инвалидското осигурување и други прашања. ЕСС го поттикнува мирното решавање на работните спорови, учествува во соработката со Меѓународната организација на трудот и со европските институции и го развива трипартитниот дијалог.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc