СЕМИНАР ЗА ОПШТЕСТВЕНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ СО ИНВАЛИДИТЕТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

26.05.2010

Во рамките на двегодишниот проект на Балканската фондација за деца и млади, Универзитетот од Љубљана и ССМ од 27 до 29 мај во Струга ќе се одржи семинар за општествената вклученост на младите со инвалидитет...

 

“Општествено вклучување и младите со инвалидитет“ е тема на семинарот што ќе се одржи од 27 до 29 мај во Струга. На семинарот ќе учествуваат повеќе млади лица, на возраст до 30 години, членови на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Предавачи на семинарот ќе бидат Матеја Томан, експерт од Словенија, која ќе предава на тема “Што е општествено вклучување? Како до општествено вклучување на младите во општеството?“ Љубица Дековска од ССМ ќе зборува на тема “Заштита на работничките права со осврт на лицата со инвалидитет“. Како предaвач ќе настапи Николина Сталеска од “БФДМ“. На семинарот ќе се работи во групи, ќе се водат дискусии за тезите и ќе се бараат можни решенија.

Семинарот е дел од двегодишниот проект “Отворен дијалог за општествено вклучување на младите и нивните работнички права во Македонија“. Носител на проектот е Балканската фондација за деца и млади, додека партнери се Универзитетот од Љубљана и Сојузот на синдикатите на Македонија.

Проектот, кој трае од 2009 до 2011 година, вклучува одржување на повеќе панел дискусии, семинари и други собири, на кој се обработуваат теми поврзани со положбата на младите, како: социјалната инклузија, сиромаштијата, работничките права на младите надвор од пазарот на трудот, вработувањето на младите, одливот на мозоци и друго.

Проектот е финансиран од Европската комисија, односно од Генералниот директорат за вработување, социјални работи и еднакви можности. Целта на проектот е да се создаде погодна клима за отворен дијалог меѓу различните сектори во Република Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc