ИЗБРАНИ ЧЕТИРИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

25.05.2010

Во согласност со концепцијата за тимска работа и поголема ефикасност на Сојузот Претседателството на ССМ донесе одлука за именување на четворица потпретседатели, задолжени за различни области. Даден е предлог за секретар на ССМ...

Анѓелко Анѓелковски, претседател на СТКЧ

Тихомир Климовски, претседател на МПС

Роберт Симоноски, претседател на Синдикатот на Електростопанството

Павел Трендафилов, претседател на СГИП

Живко Даневски, претседател на АГРО Синдикатот

 

На 50 – та седница на Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија, која се одржа на 20 мај, даден е предлог за именување на секретар на Советот на ССМ, додека донесена е одлука за именување на четворица потпретседатели.

Идејата е да се форсира тимската работа, поефикасното и поефективното работење на Сојузот. Концепцијата е во склад со светските трендови и организациски шеми на модерното синдикално движење, кон што се стреми и македонското синдикално движење, изјави претседателот на ССМ Живко Митревски.

Тимската работа, како темелен концепт на новиот начин на работа во ССМ, беше најавена како приоритет веднаш со доаѓањето на новото раководството на ССМ.

На седницата на Претседателството за секретар на Советот на ССМ е предложен Анѓелко Анѓелковски, кој е претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и текстилната индустрија на РМ (СТКЧ).

Потпретседател задолжен за приватниот сектор е Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија (СГИП).

За потпретседател за јавниот сектор е поставен Тихомир Климовски. Климовски е претседател на Македонскиот полициски синдикат.

Роберт Симоноски, претседател на Самостојниот синдикат на работниците од електростопанството на Македонија, е потпретседател за организациски развој.

Живко Даневски, претседател на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат) е потпретседател за колективно преговарање и договарање и економски прашања.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc