ПРВА ОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА ССМ – КСС

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

3.05.2010

Денес се оствари прва официјална работна средба меѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати. Двајцата претседатели, Живко Митревски и Растко Мишковски, средбата ја оценија како историска...

Денес во претпладневните часови се одржа првата званична средба меѓу двата најголеми синдикати во Република Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати. Двајцата претседатели, Живко Митревски и Растко Мишковски, средбата ја оценија како историска за синдикалното движење во Македонија.

За прв пат после пет години двата синдикати  остварија званична работна средба. Заеднички настапивме на Први мај во Владата, но од денешната средба очекуваме многу во иднина. Се надеваме дека ќе постигнеме блискост на нашите ставови, со единствена цел заеднички настап кон остварување на правата на работниците. Веруваме дека подобрувањето на односите ќе влијае и врз третманот на македонските синдикати од страна на меѓународните синдикални организации, кои досега тие имаа лоши искуства со соработката од овдешна страна, изјави претседателот на ССМ Растко Мишковски.

Претседателот на ССМ Живко Митревски рече дека Македонија се наоѓа во сериозни социјални, економски, политички предизвици. Приближувањето на синдикатите сакаме да го видиме како пример за надминување на поделбите во македонското општество. Синдикатите имаат заедничка стратешка цел, а тоа е остварување на автентичните интереси на работничките права.

Денешниот настан е посебно значаен за евроинтеграциите на Република Македонија. Не само на интеграцијата на државата, туку и на членувањето на синдикатите во европските и светските синдикални асоцијации. За жал, македонските синдикати не се примени во Европската и Светската конфедерација на синдикати, но се надеваме дека денешната порака сериозно ќе ја разберат, нагласи Митревски.

На средбата утврдиме неколку заеднички гледишта. Промовиравме некои наши идеи за утврдување на репрезентативноста на синдикатите, разговаравме за заедничка стратегија за работното законодавство и за заеднички настап кон меѓународните синдикални и други институции.

На прашањето на новинарите за досегашните пречки за соработка Растко Мишковски одговори дека најголемиот проблем беше личноста на поранешниот претседател на ССМ. На многу собири отскокнуваше само ССМ, но така беше затоа што се истакнуваа лични ставови на бившиот претседател. Истото важи и за претставувањето на ССМ во странство, па и денес се покажа дека гранските синдикати немале информации кој и како ја претставува целата организација.

На прашањето за можно обединување Мишковски одговори дека тоа би било штетно за македонското синдикално движење. Митревски дополни дека синдикалниот плурализам нуди широки можности и нови идеи. Ако во светски рамки можат заеднички да настапуваат големи интернационални организации, тогаш тоа го можат и македонските синдикати, дополни Митревски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc