СРЕДБА НА СТЕЧАЈЦИТЕ СО ИМЕР СЕЛМАНИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

1.04.2010

Претседателот на Нова демократија Имер Селмани генерално ги поддржа барањата на стечајните и технолошки вишок работници. Ова е нивна трета средба со јавни и политички личности...

 

Партијата Нова демократија генерално ги поддржува барањата на стечајните и технолошки вишок работници, гласи резултатот од вчерашната средба на претставниците на здруженијата на стечајните работници со претседателот на партијата Имер Селмани. Средбата се одржа во просториите на Собранието на Република Македонија.

Ги изложивме нашите барања и наидовме на разбирање кај Имер Селмани, кој даде задршка само на висината на надоместокот, информира Драге Јованоски, раководител на Секторот за правна заштита на Сојузот на синдикатите на Македонија и преговарач на стечајната група.

Ова е трета средба на УНИТ и охридското здружение на стечајните работници со личности од јавниот и политичкиот живот. Првата средба ја одржаа на 15 март со евроамбасадорот Ерван Фуере, додека минатата недела разговараа со лидерот на партијата Обединети за Македонија Љубе Бошковски. Во тек се преговори за средби со други политички партии.

Стечајните и технолошки вишок работници се решени да не се откажуваат од протести, се додека не се прифатат нивните барања. Тие од декември до почетокот на март во Куманово штрајкуваа со глад, потоа одржаа неколку протести пред Владата, додека сега се обраќаат до политичките партии.

Нивните основни барања се месечен надомест од сто евра, до пензионирање или ново вработување. Се проценува дека во државата има околу 12.000 до 15.000 стечајни работници, што значи дека на годишно ниво треба да се одвојат околу 15 милиони евра. Работниците сметаат дека таа сума не е големо оптоварување за државниот буџет, пред се затоа што, поради исполнувањето на условите за пензионирање на одреден број лица секој месец, сумата постепено ќе се намалува.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc