ОДРЖАНА 20. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

31.03.2010

Највисокиот орган на Сојузот на синдикатите на Македонија го разгледа сработеното во 2009 и донесе програма за 2010 година. Посебно се разгледани штрајковите и протестите во 2009 година и Предлог – законот за мобинг...

 

Годината што измина ќе остане како година карактеристична по неколку работи: државата ја зафати економска криза, се донесоа три пакети антикризни мерки од страна на Владата, кои не дадоа резултати. Економската состојба не е подобрена, се изгубија над 30.000 работни места, имаше парламентарни избори, се донесоа или се извршија измени на неколку закони, од кои за ССМ од особена важност беше Законот за работни односи, со кој и понатаму се намалуваат правата на работниците, го немаше социјалниот дијалог. Се воведе системот бруто плата, започна пререгистрација на синдикатите и здруженијата на работодавачи, се интензивираше меѓународната соработка на ССМ.

Ова го изнесе претседателот на ССМ Ванчо Муратовски на денешната 20. седница на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија. На седницата се изнесени податоци за економските состојби, како вработувањето и невработеноста, платите, потоа состојбите со колективното договарање, работните односи и правната заштита, Законот за работни односи, социјалниот дијалог и социјалното партнерство, безбедноста и заштитата при работа и други состојби.

За 2010 година во прв ред цел е унапредување на социјалниот дијалог. Непостоењето социјален дијалог во Република Македонија е една од причините за катастрофалните резултати во социјално – економската сфера. ССМ и во 2009 година покажа дека е единствениот синдикат кој ги штити интересите на работниците. Главните приоритети за 2010 година ќе бидат зацврстувањето на позицијата на ССМ како најрепрезентативен синдикат, подобрување на соработката со социјалните партнери, подобрување на условите за работа, наведе меѓу останатото претседателот Муратовски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc