СТЕЧАЈЦИТЕ СЕ КОШКАА СО ПОЛИЦИЈАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

23.03.2010

Револтот на стечајните работници расте. После неуспешниот обид да се сретнат со премиерот Груевски, тие денес ја турна заштитната ограда и го блокираа мостот “Гоце Делчев“...

 

Од денешниот протест: Владата одбива разговор, работниците го губат трпението

 

Премиерот Никола Груевски тактизира и не сака да се сретне со нас, го изрази револтот на стечајните работници претседателката на здружението “УНИТ“ од Куманово Лилјана Георгиевска. Тие на денешниот протест ја туркаа заштитната ограда и се кошкаа со полицијата. Откако не успеаја да ги тргнат металните огради работниците го блокираа мостот “Гоце Делчев“, каде дојде со расправии со возачите.

Поради игнорирањето од страна на Владата очигледно е дека расте огорченоста и спремноста на радикализирање на оваа категорија работници. И денес, како пред две недели, работниците фрлаа јајца на плочникот пред зградата на Владата. Како капак на револтот дојде и денешната изјава на вицепремиерот Зоран Ставрески, кој го повтори досегашниот став на Владата – дека решение за стечајните работници нема.

Сојузот на синдикатите на Македонија, од каде стечајните и технолошки вишок работници од почеток добиваат секаква можна поддршка, најави дека наскоро ќе понуди посебен закон за решавање на овој голем социјален проблем.

Инаку нивното основно барање е месечен надомест од сто евра месечно, до пензионирање или ново вработување, со тоа што старосната граница би била 53 години на мажи и 50 за жени.

Иако точната бројка не е точно утврдена, се проценува дека во Македонија има околу 12.000 работници од оваа категорија,  што значи дека годишно би биле доволни најмногу 15 милиони евра. Посебна погодност е што сумата, поради исполнувањето на условите за пензија, постепено ќе се намалува секој месец.

Минатиот вторник не се одржаа протести поради средбата со евроамбасадорот Ерван Фуере, од кого добија начелна поддршка за нивните барања.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc