СТЕЧАЈЦИТЕ НА РАЗГОВОР КАЈ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ФУЕРЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

15.03.2010

Претставници на здруженијата на стечајните работници и на Сојузот на синдикатите на Македонија денес попладне остварија средба со евроамбасадорот Ерван Фуере, од кого добија полна подрдршка за нивните барања...

Ерван Фуере: социјалниот дијалог е приоритет на европските стандарди

 

Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Ерван Фуере дава полна поддршка на барањата на стечајните работници. Тој најави дека ќе влијае врз македонската влада и врз институциите во Брисел во Македонија да почне да се води вистински социјален дијалог, во што спаѓа и прашањето на стечајните работници, гласи заклучокот од денешната попладневна средба на стечајните работници со евроамбасадорот.

Од Ерван Фуере добивме ветување дека ќе се заложи за решавање на проблемот на стечајните работници. Се надеваме дека амбасадорот ќе ни помогне проблемот да дојде на дневен ред во оваа земја, изјави Лилјана Георгиевска, претседател на здружението УНИТ од Куманово.

На средбата со работниците беа претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија. После средбата портпаролот на ССМ Милан Живковиќ истакна дека ССМ од почеток се залага за изнаоѓање решение за стечајните и технолошки вишок работници.

За Сојузот на синдикатите на Македонија стечајните работници се работници како и сите други и затоа ние им овозможуваме секоја мошна поддршка, од логистичка и материјална до правната помош. Ние не правиме разлика дали луѓето работеле во општествено или приватно претпријатие, затоа што тие треба да бидат еднакво третирани. Не само стечајците, туку сите вработени треба да имаат приоритет во решавањето на социјалните прашања. Не правиме разлика дали луѓето останале без работа во времето на оваа или онаа влада, исто така и не е битно која партија е моментно на власт. Местото за протест на стечајните работници е пред Владата, а не пред политичките партии, го соопшти ставот на ССМ Милан Живковиќ.

Стечајците протестираат веќе трета година, од поставувањето шатори пред Собранието, до протестите пред Владата и тромесечниот штрајк со глад во Куманово, град со најмногу стечајни работници. Тие и сега секој вторник во 12 часот протестираат пред Владата, поставувајќи го основното барање: по сто евра месечен надомест, до пензионирање или ново вработување. Не постои прецизна евиденција колку пари се потребни, како ни точниот број на оваа категорија работници. Отприлика се работи за 12.000 лица, додека годишната сума за подмирување на надоместокот би требало да изнесува 15 милиони евра. Работниците сметаат дека сумата не е големо оптоварување за државниот буџет, затоа што секој месец одреден број луѓе ќе го исполнуваат условот за пензија и износот постепено ќе се намалува.

После средбата работниците изјавија дека утре, поради денешниот разговор со евроамбасадорот, нема да се одржи протест пред Владата. Инаку протестите се одржуваат секој вторник во 12 часот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc