СТУДИСКА ПОСЕТА ВО УНГАРИЈА ЗА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

12.03.2010

Системот на доживотно учење и образованието на возрасните е проект кој Република Македонија ќе треба да го развива согласно европските стандарди. Студиска делегација, во која учествуваше и ССМ, се запозна со системот во Унгарија...

Од престојот: унгарските искуства соодветни поради сличноста на образовниот систем

 

Десетчлена делегација од Република Македонија од 28 февруари до 6 март оствари посета во Унгарија, во склоп на ЕУ проектот “Техничка поддршка на Министерството за образование и наука за доживотно учење“. Делегацијата ја сочинуваа претставници од Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образованието, Сојузот на стопански комори, Агенцијата за вработување и Здружението на работничките универзитети. Претставник на Сојузот на синдикатите на Македонија беше Инда Савиќ, раководител на Секторот за едукација.

Целта на посетата беше да се стекнат искуства од политиките и системските прашања поврзани со учењето на возрасните во Унгарија. Поради сличностите на образовниот систем на Македонија оваа земја е соодветен пример за образование на постарите луѓе, информира Инда Савиќ.

Унгарија има направен огромни напори за да развие цел систем на инвентивни иницијативи за образование и обуки на возрасните. Системот овозможува флексибилни и разнообразни можности за учење надвор од квалификациите што се стекнуваат во формалните училишни програми. Искуствата од Унгарија ќе придонесат за модернизирање на системот на учење на возрасни во Македонија, како земја кандидат за влез во Европската Унија.

Искуствата ќе бидат посебно корисни во правец на оформување национална рамка на квалификации, која е битен услов за уредување на системот на доживотно учење. Програмата треба да се усогласи со Европската рамка за квалификации, односно да одговори на обврските што произлегуваат од препораките на Европскиот Парламент и Советот на Унијата, објаснува Савиќ.

За време на студискиот престој беа посетени неколку центри за стручно образование и образование на возрасните, како NIVE во Будимпешта, Националниот институт за стручно образование за возрасни, Центарот за обука на возрасни во рамките на Универзитетот за технологија и економија, Регионалниот центар во градот Секешфехервар и други институции. Учесниците се запознаа со целите и ефектите на учењето на возрасни, врските меѓу формалното, неформалното и информалното учење, учењето на возрасните од ранливите групи, поддршка на системот за насочување, советување и следење на кариера, прашања поврзани со вработувањето, стекнувањето сертификати и други прашања.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc