ДВАЕСЕТ И ПРВА СИНДИКАЛНА ШКОЛА НА УПОЗ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

26.02.2010

Наредните три дена во Охрид се одржува Дваесет и првата синдикална школа на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани...

 

На 26, 27 и 28 февруари во Охрид се одржува Дваесет и првата синдикална школа на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). На школата ќе учествуваат околу шеесет членови на УПОЗ.

“Новините во Предлог – Законот за јавни службеници и Предлог – Законот за здруженија и фондации“ е тема на која ќе зборува предавачот Борче Давитковски, професор на Правниот факултет “Јустинијан Први“ од Скопје.

Раководителот на Секторот за работни односи и правна заштита на ССМ Драге Јованоски ќе предава на тема “Предлог – Закон за мобинг“. Предлог – Законот е подготвен од страна на службите на ССМ и наскоро ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија.

“Отказот како правен инструмент за престанок на работниот однос“ е тема со која ќе настапи Осман Кадриу, професор на Универзитетот “ФОН“ од Скопје.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc