ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД К–15 Е “ОПШТА УПАТНА ОДРЕДБА“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

12.02.2010

Надоместокот за годишен одмор во Општиот колективен договор за стопанство постои само како општа упатна одредба, изјави денес министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами. ССМ смета дека сите работници треба да добиваат регрес...

 

Правото на надоместок за годишен одмор е само општа упатна одредба и не постои обврска за негово исплаќање, изјави на денешната конференција за печат министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами. Според изјавите на министерот Општиот колективен договор не е усогласен со последните измени на законот за работни односи (октомври 2009 година), додека К-15 како право е укинато во 2005 година.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека регресот за годишен одмор треба да го добиваат сите работници. Комплетниот став на ССМ веројатно ќе биде целосно образложен следната недела. Драге Јованоски, раководител на Секторот за правна заштита на ССМ, вели дека сите работници, значи и во стопанството и во јавниот сектор, треба да имаат исти права. На некои категории вработени во јавниот сектор им се исплаќа надомест за годишен одмор, така што со почитувањето на Општиот колективен договор истото право ќе го стекнат и вработените во стопанството.

На денешната прес конференција министерот Бајрами меѓу другото рече дека во законот не е утврдено и право на надомест на трошоци за годишен одмор и дека од  содржината на законската одредба не произлегува обврска за работодавачот да исплаќа ваков вид надоместок. Општиот колективен договор се уште не е усогласен со измените на законот, изјави Бајрами.

На новинарското прашање како во некои дејности во јавниот сектор се исплатува К – 15 кога таа категорија не постои министерот Бајрами рече дека нема сознанија за исплата на регрес во јавниот сектор.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc