МОТ ПРЕДВИДУВА ПАД НА РАЗВОЈОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

20.01.2010

Опаѓањето на реалните плати во земјите од Западен Балкан ќе ја намали потрошувачката и ќе предизвика понатамошен пад на економијата. МОТ препорачува социјален дијалог, колективно договарање и одредување најниски плати...

 

Падот на реалните и номиналните плати може да доведе до намалување на потрошувачката и со тоа забавување на економското опоравување на земјите на Западен Балкан, проценува Меѓународната организација на трудот (МОТ), во извештајот поднесен на Подрегионалната конференција “Влијанието на финансиската и економската криза: утврдување на платите и одговорот на политиките“, што се одржа минатиот месец во Сараево.

Освен опаѓањето на реалните плати во некои земји, како што е Босна и Херцеговина и Србија, забележано е повторно неисплатување на платите, како и на заостанатите плати.  Кризата веројатно ќе ја зголеми неформалните исплати, или “плати во плико“, со тоа ќе ги намалат уплатите за социјалните придонеси и на тој начин ќе ги ослабат и ниските пензии. Сите овие трендови ќе доведат до намалување на потрошувачката. Веќе постојат знаци на намалена потрошувачка во неколку земји од Западен Балкан. Во Србија, на пример, агрегатната потрошувачка во 2008 - 2009 година опадна за двоцифрен процент.

Иако постои потреба да им се помогне на компаниите за да ја сочуваат вработеноста, политиката на платите исто така може да има значителна улога во одржувањето на потребната побарувачка на пазарот. Политиката на платите исто така може да помогне во намалувањето на сиромаштијата, која е и понатаму доста висока во земјите на западен Балкан. Нивото на платите се и понатаму најниски во Европа, често и под егзистенцијалниот минимум. Се почестото прибегнување кон ниските плати не би смеело да се допушти, за да се избегнат масовните социјални трошоци.

Глобалниот пакт за работата на МОТ, кој Г - 20 и останатите земји го воведоа како дел од реакцијата на кризата, предупредува на опасноста од дефлаторна спирала на платите и цените. Исто така препорачува социјален дијалог, колективно преговарање и најниски плати како средства против дефлацијата. Пактот ги опишува најниските плати како “битен инструмент на политиката на социјална заштита“, кој може да ја намали сиромаштијата и нееднаквоста, да ја зголеми потрошувачката и да придонесе за социјална стабилност. Во врска со најниските плати земјите од Западен Балкан се определиле за два различни патишта – некои, како Србија, одлучиле да ги зголемат најниските плати, додека другите ги замрзнаа. Во повеќето земји од Западен Балкан кризата подлабоко откри еден број структурални слабости во институциите и политиките за најниските плати. Битно е реформите да продолжат за да се унапредат најниските плати, согласно на Конвенцијата на МОТ за најниските плати од 1970 година. Истата конвенција ја имаат ратифицирано Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија.

Некои извештаи, како извештајот од Албанија, покажаа колку платите се слабо поврзани со ефектите од економијата, дури и пред кризата. Ова се одрази во општите опаѓања на платите уште од средината на деведесеттите години. Поврзување на платите со продуктивноста би придонело платите да се зголемат, што би довело до економски напредок. Тоа би значело економска флексибилност на платите во текот на економските превирања и би помогнало да се намали невработеноста. На ниво на претпријатија поврзувањето на делот од платите со ефективноста може да биде значително средство за зголемување на продуктивноста.

Изгледа дека моментната структура на системите за оданочување на трудот (не само на личните примања туку и на придонесите на социјално осигурување) во многу земји на подрегионот се подеднакво неефективни и невоедначени. Единствената даночна стапка што преовладува во неколку земји, како Србија, може да има штетно дејство на нето платите и на куповната моќ на работниците.

Реформите на даноците, каде не постои прогресивна туку единствена даночна стапка, имаше негативен ефект за најслабо платените работници. Тоа исто така доведе до зголемување на разликите во платите, истовремено до постапно опаѓање на придонесите за социјално осигурување. Постојат и некои докази дека единствената даночна стапка придонесе за зголемување на неформалното вработување, како што е објавено во истражувањето на МОТ во градежниот сектор.

Било каков чекор кон прогресивното оданочување и намалување на даночното оптоварување за слаби платените работници би донело подобрување, како во поглед на ефективноста, така и во поглед на социјалната правда. Истовремено треба да се реформираат даноците на начин да ја ограничат практиката на “плати во плика“, а работодавачите да се мотивираат да ги пријават реалните, а не најниските плати.

Студијата на МОТ истакнува постоење на неколку парадокси. Иако платите остануваат главна тема на колективното договарање, податоците за платите и понатаму се непотполни и неточни. Подеднакво недостасуваат и службени проценки за егзистенцијалниот минимум или границите на сиромаштија. Нужен услов за делотворна политика на плати е владата и социјалните партнери да имаат рамноправен пристап на релевантните информации и податоци и да имаат средства и способност во целост да ги разберат последиците на политиките на платите врз продуктивноста, инфлацијата и вработеноста.

Општо земено, мнозинството работници во секторите со ниски плати не се опфатени со колективни договори. Од таа причина треба да се подобри  делотворноста на социјалниот дијалог, со цел ефектите од кризата да се ограничат на лицата со ниски плати. Трипартитните дискусии можат да помогнат во изнаоѓање на спогодбени решенија во борба против економската и општествената криза. Студијата на МОТ заклучува дека приходите и политиката на платите треба да се разгледуваат на државни нивоа, заедно со другите важни прашања, како што се даночните и пензиските реформи.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc