СВЕТСКАТА КРИЗА НАЈМНОГУ ИМ НАШТЕТИ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

14.01.2010

Меѓународната организација на трудот известува дека лицата вработени на одредено време во 2009 година беа први на удар на светската криза...



Рецесијата ја намали побарувачката на привремените вработувања

 

Работниците ангажирани на одредено време се најпогодени од светската економска криза, предупредува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во својот извештај за влијанието на кризата врз привременото вработување и положбата на работниците на пазарот на трудот.

Агенциите за привремено вработување имаат важна улога во функционирањето на современиот пазар на труд. Тие се посредници кои на компаниите им овозможуваат поголема флексибилност во поглед на зголемувањето или намалувањето на бројот на работниците. Тие истовремено се грижат за правата на тие работници, како сигурноста на работното место, платите, должината на работното време и слично, се наведува во извештајот.

Компаниите почнаа масовно да ги користат услугите на агенциите за привремено вработување, со цел побрзо доаѓање до потребната работна сила и полесно прилагодување на промените. Авторот на извештајот, Џон Маерс, предупредува дека “истите компании поради економските притисоци забрзано почнаа да ги отпуштаат работниците примени преку агенциите за привремено вработување, додека дел од работниците на неодредено време останаа негибнати“.

Во многу сектори во развиените земји, посебно во автомобилската индустрија, работниците вработени на одредено време беа првите жртви на отпуштањата, причинети од кризата и рецесијата. Како што кризата се продлабочуваше, така компаниите почнаа се почесто да ги откажуваат договорите со агенциите за привремено вработување.

МОТ проценува дека во Германија за само четири до шест месеци после ноември 2008 година (односно во првата половина на 2009 година) работата ја изгубиле меѓу 100 до 150 илјади “привремени работници“. Според проценките на јапонската влада за една година се затворени 85.000 работни места отворени преку агенциите за привремено вработување. Во САД од 2007 до април 2009 година месечно без работа останувале по 52.000 “привремени работници“.

Побарувачката за “привремени работници“ во Шпанија во последниот квартал од 2008 година падна за осум отсто, додека во Франција за истиот период за 10 отсто.

Иако не се знае точниот број на сите привремено вработени во светот што поради рецесијата ги изгубиле местата, моментните проценки се доволни за да се заклучи дека глобалната криза им нанесе огромна штета на сите привремено вработени работници. Посебно се загрозени лицата во производниот сектор, кој забележа досега невидени губитоци.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc