ДЕНЕС ВО 12 ЧАСОТ ПРОТЕСТ НА ПОЛИЦИСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

11.01.2010

Македонскиот полициски синдикат денес организира протест против одлуката на Уставниот суд, поради која 940 полицајци нема да можат да одат во пензија. Протестот ќе се одржи во 12 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија...

Тихомир Климовски, претседател на Македонскиот полициски синдикат

 

Македонскиот полициски синдикат (МПС) организира јавен протест, што ќе се одржи денес, во 12, часот, пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија. Причина за протестот е одлуката на Уставниот суд, поради која 940 вработени во Министерството за внатрешни работи не можат да заминат во пензија.

МПС ги изразува револтот поради тоа што со одлуката на Уставниот суд не се применува член 162 од новиот Закон за внатрешни работи, со кој се регулира пензионирањето на овластените службени лица.

Засегнати се вкупно 940 лица, кои од први јануари 2010 година требаше да заминат во пензија. Со Законот за внатрешни работи, донесен во јули минатата година, единствен услов за заминување во пензија е 40 години стаж, без разлика на возраста. Тоа е и мотивот за претставката на МПС до Уставниот суд. Инаку вработените во полицијата имаат бенефициран стаж, односно една година се смета како 1,5 години.

Претседателот на МПС Тихомир Климовски, на конференцијата за печат што ја одржа минатата недела, изјави дека со протестот не се врши притисок врз судот, посебно што одлуката е само стопирана и што не е конечна. Тој истакна дека право на секој граѓанин е да поднесе аргументација во своја одбрана.

Независниот полициски синдикат е исто така револтиран од портпаролот на Уставниот суд, Југослав Миленковиќ, кој во јавноста излезе со политички квалификации на полициските службеници што излегоа на прес конференцијата. Очекуваме Уставниот суд, ако не да го разреши, тогаш да се огради од својот гласноговорник, објасни Климовски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc