ЖИВКО МИТРЕВСКИ ИЗБРАН ЗА ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА BWI

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

18.12.2009

Претседателот на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ м-р Живко Митревски е избран за член на Светскиот синдикален совет на Светската федерација на синдикатите од градежништвото, шумарството и дрвната индустрија, воедно за претседател на групата за југоисточна Европа...

Конгресот во ЛИЛ запознаен со состојбите во Македонија

 

Магистер Живко Митревски, претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија, на Вториот Конгрес на BWI (Светската федерација на синдикатите од градежништвото, шумарството и дрвната индустрија) е избран за член на Светскиот синдикален совет на BWI. Митревски на конгресот е исто така избран за претседател на Деветтата група за Југоисточна Европа, во која влегуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија.

Вториот конгресот на Светската федерација на синдикатите од градежништвото, шумарството и дрвната индустрија се одржа на 9 и 10 декември во градот Лил, Франција. На конгресот учествуваа 600 делегати од 132 земји, кои претставуваат 12 милиони синдикални членови од целиот свет. На Конгресот беа усвоени конгресните документи: Статутот, Програмата за работа и Стратешкиот план за периодот 2010 – 2013 година. Покрај овие документи беа усвоени повеќе резолуции, меѓу кои Резолуцијата за работниците мигранти, Резолуцијата за надминување на светската криза, Резолуцијата за сигурност на вработувањето и излез од кризата преку одржливи инвестициони проекти.

При крајот на конгресот за претседател на BWI е избран Клаус Висенхугел, потоа конституирани се континенталните комитети со претседателите, Светскиот одбор и највисокиот орган, Светскиот синдикален совет. Во Светскиот синдикален совет влегуваат претставници од 26 регионални континентални групи, потоа претседателот, двајцата заменици претседатели и генералниот секретар.

На конгресот присуствуваа претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Павел Трендафилов, секретарот на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика Славица Настова и секретарот на СГИП Благица Стојкоска.

Во делот за работењето во изминатиот четиригодишен период Живко Митревски имаше излагање за работењето на синдикатот, со посебен акцент на светската акција “Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ која ја реализираа Владата на Македонија и ЈП “Македонски шуми“.

Во рамките на Конгресот беше одржана манифестацијата “Марш на синдикалните делегати“. На дефилето низ улиците на Лил учествуваа околу една илјада манифестанти од Европа, Азија, Пацифик, Северна и Јужна Америка. Манифестацијата се одржа под мотото на конгресот: „Глобална солидарност за одржлива иднина во контекст на надминувањето на економската криза и климатските промени со кои се соочува Земјата“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc