ВО КУМАНОВО ОСНОВАН ПРВИОТ РЕГИОНАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

15.12.2009_spogodbata_za_lokalniot_ess_vo_kumanovo15.12.2009

Првиот регионален економско – социјален совет во Република Македонија е формиран во Куманово. За основање на локални совети посебно се залагаат Европската Унија, МОТ и УСАИД...


Од потпишувањето на спогодбата за локалниот ЕСС во Куманово

 

На 7 декември во Куманово е основан регионален Економско – социјален совет. Спогодбата за основање ја потпишаа претседателот на Регионалниот синдикален совет на Сојузот на синдикатите на Македонија во Куманово Слободан Радевски, претставникот на Организацијата на работодавачи Слободан Богдановски и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

Претседател на Регионалниот економско – социјален совет на Куманово е градоначалникот Зоран Дамјановски. Советот брои девет учесници: тројца од локалната самоуправа, тројца од Организацијата на работодавачи, додека од синдикална страна двајца претставници се од ССМ, претседателот на РСС – ССМ Слободан Радевски и правниот застапник Гордица Бошковска, и еден претставник од Конфедерацијата на слободни синдикати.

На свеченоста по повод потпишувањето на спогодбата присуствуваа претседателот на ССМ Ванчо Муратовски, претставници на УСАИД и на Меѓународната организација на трудот, на Владата и Министерството за труд и социјална политика.

УСАИД и институциите на Европската Унија покажуваат посебен интерес за развој на локалните ресурси во сите домени. Во таа агенда е и основање и развој на локални економско – социјални совети. Така наскоро може да се очекува основање на економско – социјални совети во други региони во земјата.
Од 1996 година во Република Македонија е основан Економско – социјален совет (ЕСС). Советот има советодавна и консултативна функција: ги разгледува сите прашања од економската политика, политиката на цените и платите, трудот и социјалната сигурност, колективното договарање, животниот стандард, вработувањето, заштитата при работа, здравствената заштита, пензиското и инвалидското осигурување и ред други прашања. Исто така советот го поттикнува мирното решавање на работните спорови, учествува во соработката со МОТ и други европски институции, го развива трипартитиниот дијалог.

Сосем друго прашање е односот на македонските влади кон Економско – социјалниот совет. Претежно сите досегашни влади покажуваа игнорантски однос кон ова тело, или го уважуваа само формално, додека суштински не се грижеа за улогата на оваа институција. И тековната влада не се разликува многу од нејзините претходници, а може да се каже дека ги надминува во омаловажувањето на Економско – социјалниот совет. Законот за работни односи е изменет во неколку наврати без никаква консултација на ЕСС. Министерот за труд и социјална политика, иако е претседател на советот, не го има свикано повеќе од една година.

За разлика од овдешните прилики, во Европа се посветува големо внимание на економско – социјалните совети. Во Словенија, на пример, Економско – социјалниот совет се состанува три до четири пати месечно и владата, парламентот и другите институции водат сметка за ставовите што ги утврдиле синдикатите, работодавачите и претставниците на владата. Всушност ниеден пропис од областа на работното право во Европа не поминува без да биде разгледан и одобрен во економско – социјалните совети.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc