ВО ЕВН ОД 1 ЈАНУАРИ ПЛАТИТЕ ПОГОЛЕМИ ЗА ДЕСЕТ ОТСТО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

georg_valdner_robert_simonoski14.12.2009

Синдикатот и Управниот одбор на “ЕВН Македонија“ постигнаа спогодба со која платите на вработените од 1 јануари 2010 година ќе се зголемат за 10 отсто. Вработените исто така ќе добијат еднократно по 12.000 денари...



Георг Валднер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија и Роберт Симоновски, претседател на Синдикатот на ЕВН, при потпишувањето на спогодбата

 

Претседателот на Синдикатот и Управниот одбор на “ЕВН Македонија“ АД постигнаа спогодба со која минималната плата во компанијата, регулирана со Колективниот договор, од 1 јануари ќе се зголеми за 10 отсто. Исто така на сите вработени еднократно ќе им се исплатат по 12.000 денари.

Договорот е одраз на зголемувањето на продуктивноста на компанијата, зголемувањето на основните трошоци за живот во Република Македонија, како и скромната политика на плати во изминатите четири години.

По повод договорот со Управниот одбор Роберт Симоновски, претседател на Синдикалната организација на “ЕВН Македонија“, изјави: “Најголема мотивација и аргумент за да се истрае до крај во овие навистина тешки преговори беа постигнатите резултати на работените. Постигнавме спогодба за еднократна исплата од 12.000 денари, кои се секако добредојдени за секој вработен. Се изборивме за зголемување на платите од 10 отсто во време на економска криза во Македонија, што претставува голем доказ дека Синдикатот се грижи за вработените и дека бара нивниот труд соодветно да биде платен“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc