АКТИВНОСТИ НА МЛАДИТЕ ВО СИНДИКАЛНОТО ДВИЖЕЊЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

10.12.2009

Денес во Струмица се одржува тркалезна маса на тема “Економско јакнење на младите луѓе“. Собирот е дел на проектот “Отворен дијалог за општествено вклучување преку вработување на младите и работничките права на младите во Македонија“...

 

“Економско јакнење на младите луѓе“ е називот на тркалезната маса што денес се одржува во Струмица. На тркалезната маса  учествуваат повеќе личности од јавниот живот, меѓу кои претседателот на ССМ Ванчо Муратовски, претставници на Европската Унија и на меѓународните мисии во земјава, професори од  Универзитетот во Љубљана, претставници на Балканската фондација за деца и млади, на Владата, невладиниот сектор, на бизнис заедницата, на локалната самоуправа на Струмица  и други.

Денешната тркалезна маса е дел од двегодишниот проект “Отворен дијалог за општествено вклучување преку вработување на младите и работничките права на младите во Република Македонија“. Проектот заеднички го водат Балканската фондација за деца и млади, Универзитетот од Љубљана  и Сојузот на синдикатите на Македонија.

Општествената вклученост на младите луѓе е област која е доста актуелна и на која се обрнува доста внимание во Европската Унија. Во Република Македонија процентот на невработеност кај младите е 50 отсто, што предизвикува сериозни последици во сите области на животот.

Иако не во толку големи размери како во Македонија, позицијата на младите исто така е загрижувачка во поголемиот дел од европскиот континент.  Во меѓународното синдикално движење воопшто големо внимание се посветува на младите генерации. Така од 14 до 18 декември претставници на Секцијата на млади при ССМ учествуваат на тренинг - обука на Меѓународниот тренинг центар на ITC - ILO во Швајцарија. Тема на обуката е “Комуникација на млади синдикални лидери“, предавачи се експерти за комуникации и медиуми на ITC - ILO, додека Македонија ја претставуваат Радојка Хелман Денковска и Сашо Гавриловски од Секцијата на млади при ССМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc