СЕМИНАР ЗА ЗАКОНОТ ЗА СУДСКА СЛУЖБА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

26.11.2009

“Судските службеници заслужуваат подобар Закон за судска служба“ е темата на семинарот што денес и утре го одржува Синдикатот на УПОЗ. Синдикатот смета дека многу решенија од законот се нефункционални и неприменливи....

 

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денес и утре во Охрид одржува семинар, насловен како “Судските службеници заслужуваат подобар Закон за судска служба“. На семинарот, што се одржува во соработка со Фондацијата “Фридрих Еберт“, учествуваат синдикалци на УПОЗ и претставници на Здружението за судската администрација, Министерството за правда и Судскиот буџетски совет.

Целта на средбата е низ расправа да се покренат предлози за повеќе проблеми на судските службеници. Имено, при примената на Законот за судска служба многу решенија се покажаа како нефункционални и неприменливи во практиката. Покрај предлозите ќе се расправа и за другите активности во правосудството кои индиректно влијаат врз работно - правниот статус на службениците.

На семинарот претседателот на Синдикатот на УПОЗ Ванчо Муратовски ќе ги запознае присутните со активностите на Синдикатот околу подобрувањето на работните услови во судската служба. Се очекува присуство на претставник на Министерството за правда, кој треба да зборува за законот и потребата од измени. Борче Мирчевски, претседател на Здружението на судска администрација, ќе зборува за темата зошто се потребни измени во законот, додека Пецо Грујовски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ, ќе се задржи на измените на законите од аспект на правата од работен однос. На средбата е поканет претставник на Судскиот буџетски совет, кој ќе расправа за системот на плати и надоместоци на судските службеници.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc