УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ - ЗАКОНОТ ЗА МОБИНГ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

23.11.2009

Правниците од политичките партии од власта и опозицијата, научните и правосудните установи и невладините организации ги изнесоа своите предлози за новиот Предлог – закон за психичкото малтретирање на работното место, што го подготвува ССМ. Со 40 отсто мобирани работници македонскиот просек е двојно повисок од европскиот...

 

Во Република Македонија е потребен посебен закон за психичкото малтретирање на работното место, односно за мобингот. Тој закон треба да ги заштитува вработените и воедно да дејствува превентивно, во смисол на одвраќање на работодавачите од притисоците што ги вршат врз подредените работници.

Ова е заклучокот од Втората работна средба на правници, што се одржа на 20 и 21 ноември во Струга, чија цел е донесување посебен закон за мобинг. На средбата учествуваа претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија, политичките партии ВМРО - ДПМНЕ, СДСМ, НСДП и ДОМ, невладини организации и лица од научните и правосудните институции. Оценка на Синдикатот е дека блиските ставови на политичките партии од власта и опозицијата по однос на прашањето на мобингот ќе влијае кон побрзо влегување на Предлог – законот за мобинг во процедура.

Повеќето учесници на работилницата излегоа со свои видувања и сега следува средување и вклопување на нивните предлози во предложениот закон, информира шефот на кабинет на ССМ Милан Живковиќ. Сега ги обработуваме сите забелешки и ставови, кои секако треба да се најдат во крајната верзија на Предлог - законот за мобинг. Целта е комплетен пречистен текст да биде претставен на 11 декември, за кога е планирана јавна трибина посветена на мобингот и на нашиот предлог закон.

На почетокот на оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија најави изработка на посебен закон за мобинг. Во меѓувреме внесени се неколку одредби за психичкото малтретирање на работното место во Законот за работни односи (Сл весник од 14.09.2009), за кои ССМ се изјасни дека се недоволни. Иако проектот беше пореметен, ССМ продолжи да го подготвува новиот закон.

Пилот истражувањето на ССМ покажа дека 40 отсто од вработените во оваа земја се жртви на психичко малтретирање, што е двојно повеќе од европскиот просек.

Мобингот станува секојдневние на сите вработени луѓе. Појавата претставува неетична комуникација која го загрозува човековото достоинство и влијае на професионалната иднина, истакна на средбата психологот Фросина Денковска, која е првиот научен работник чија магистерски труд е токму мобингот. Таа посочи дека Македонија е лидер во психичкото малтретирање во регионот и дека овде луѓето го перцепираат мобингот како нормална појава.

Македонска посебност е политичкиот мобинг, односно притисоците мотивирани поради политичката определенот, рече Гордица Велковска, правен застапник на ССМ – Регионален синдикален совет во Куманово. Нашите анкети покажуваат дека 30 отсто од вработените навеле дека причина за мобинг е политичката определеност. Овој тип притисоци се најмногу застапени во државните институции, како и во здравството и образованието. Инаку познато е дека мобингот е состојба што тешко се докажува и оттаму законот треба да овозможи целосна судска заштита на малтертираните лица.

На средбата во Струга учествуваше и Лазар Јовевски од Правниот факултет “Јустинијан први“, заменик на народниот правобранител во Кичево Даут Селмани, судии од основните и апелационите судови и други лица.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc