РАЗЛИЧНИ МИСЛЕЊА ЗА ПРЕРЕГИСТРАЦИЈАТА НА СИНДИКАТИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

12.11.2009

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека обврската за пререгистрација на синдикатите, што ја бара Министерството за труд и социјална политика, не треба да важи за оние синдикати што еднаш се регистрирани...

 

Сојузот на синдикатите на Македонија не го одобрува во потполност барањето на Министерството за труд и социјална политика за пререгистрација на синдикатите. Обврската треба да важи за новоформирани синдикати, а не за синдикатите кои еднаш се регистрирани.

Ова денес го изјави Драге Јованоски, раководител на Секторот за правна заштита на ССМ, пред Министерството за труд и социјална политика, каде се водеше разговор за пререгистрацијата на синдикатите. Средбата во основа беше разговор околу нејаснотиите и спротивните мислења за кого треба да важи оваа обврска.

Во прашање е произволно толкување на одредбите од Законот за работни односи, во делот на синдикалното организирање во земјава. Законот е да се применува, а не да се толкува по свои потреби, коментираше Јованоски.

На прашањето на новинарите за постоење на евентуално задни намери за новите законски одредби Јованоски рече дека очигледно Владата има свои цели со синдикалното движење. Синдикатите здружени во ССМ ја имаат сета потребна документација, постапката во основа е техничка, но проблемот е во намерата на Владата синдикалното движење да го стави под своја контрола.

Долен лимит на бројот за основање на синдикат не постои, додека за репрезентативноста одлучува владина комисија, без учество на другите страни. Се оди по системот “раздели и владеј“. Место синдикатите и синдикалните федерации да зајакнуваат, да се обединуваат и да собираат побројно членство намерата е тие да се раситнуваат. Најверојатно Владата ќе ги форсира ситните синдикати кои ќе и бидат наклонети. Последица е дестимулирање на синдикалното движење и слабеење на социјалниот дијалог во земјава.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc