ТРИБИНА НА СФДМ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕТО ПАРИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

30.10.2009

Синдикатот на финансиските дејности на Македонија, по повод светскиот ден на штедењето, на 31 октомври и 1 ноември организира трибина за спречување на перење пари. На собирот ќе присуствуваат претставници од поголемиот број од банките во Македонија...

 

По повод 31 октомври, Светскиот ден на штедењето, Синдикатот на финансиските дејности на Македонија на 31 октомври и 1 ноември во Охрид организира “Трибина за спречување на перењето на пари“. Поради големиот интерес се очекува присуство, покрај членовите на СФДМ, на претставници од најголемиот број од банките во земјава.

Предавачи на трибината се Гоце Трајковски, кој ќе зборува на темите: “Анализа на ризикот во процесот на спречување на перење на пари“, “Улогата на човечкиот фактор во процесот на спречување на перење на пари“ и “Методологија за супервизија и предизвици“.

Билјана Бојчева ќе настапи со предавањата “Анализа на клиентот“ и “Следење на сомнителните трансакции“.

СФДМ вообичаено во ова време од годината организира спортски средби на своите членови, не информира Гоце Селовски, претседател на СФДМ. По повод Светскиот ден на штедењето овогодишниот собир беше замислен да се подели на спортски и едукативен дел. Меѓутоа, поради големиот интерес за темата која ја најавивме одлучивме да се одржи трибина за една доста актуелна појава, така што се очекува присуство на околу педесет претставници на банките од земјата.

Светскиот ден на штедењето се одбележува на 31 октомври, како сеќавање на Првиот меѓународен конгрес на собирот на банкарите во 1924 година во Милано. На 31 октомври таа година 350 претставници на банки и други финансиски институции од 27 земји настојувале да најдат излез од општата економска криза после Првата светска војна. Тогаш е заклучено дека штедењето е потреба во развојот на човештвото, додека целта на одбележувањето на Денот на штедењето има цел за најшироко меѓународно популаризирање на штедењето.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc