АГРО СИНДИКАТОТ НА ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА EFFAT

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

30.10.2009

Претставници на синдикатите од земјоделскиот сектор од девет европски земји во Софија одржаа конференција на тема социјалниот дијалог во новите членки и земјите кандидати на ЕУ. Усвоена е декларација за поддршка на македонските работници...

 

Делегација на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Македонија (АГРО Синдикатот) учествуваше на Европската конференција на Европската федерација на синдикатите од земјоделството, прехранбената индустрија, угостителството и туризмот (EFFAT), која се одржа на осми и деветти октомври во Софија, Република Бугарија.

Покрај македонскиот АГРО Синдикат учествуваа сродните синдикати на Бугарија, Романија, Словенија, Шпанија, Франција, Германија, Турција и Полска.

Централна тема на конференцијата беше “Предизвиците пред социјалниот дијалог во новите земји – членки и земји кандидати во секторот земјоделие“. На конференцијата е усвоена декларација за поддршка на македонските работници за правото на синдикалното здружување. Декларацијата ја пренесуваме во целост.

ДЕКЛАРАЦИЈА

На Европската конференција на тема “Предизвиците пред социјалниот дијалог во новите земји – членки и земји кандидати во секторот земјоделие“

Учесниците на конференцијата го земаа во предвид правото на синдикалното здружување како:

  • едно од најважните услови за изградба на граѓанското општество, затоа што неговото социјално значење е да создаде кај работниците и службениците сознание за организирана сила, преку која ќе ги претстават пред работодавачите и државата своите потреби за подобрување на условите за работа и живот, и дека таа сила доаѓа од обединувањето, солидарноста и здружувањето во дејствувањето и притисокот;
  • право да се користи широко меѓународно признание, и тоа член 23, алинеја 4 од Општата декларација за правата на човекот од 1948 година; член 8 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права; член 22 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права од 1966 година на ООН. Тоа право е регулирано и во редица конвенции на МОТ, меѓу кои особено важно значење имаат Конвенцијата број 87 за синдикалната слобода и заштита на правото на организирање од 1948 година и Конвенцијата број 98 за примена на принципите на правото на организирање и колективно договарање од 1949 година. Тоа е признато како основно право во регионалните европски многустрани меѓународни договори: член 11 од Европската конвенција за правата на човекот и член 5 од Европската социјална карта.

Европските синдикати ЈА ДЕКЛАРИРААТ ПОЛНАТА ПОДДРШКА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ДА ГО КОРИСТАТ СЛОБОДНО, БЕЗ ПРЕТХОДНА АВТОРИЗАЦИЈА, ПРАВОТО ДА ФОРМИРААТ СИНДИКАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ ПО СВОЈ ИЗБОР, КАКО И ДА СЕ ПРИКЛУЧУВААТ КОН ТАКВИ ОРГАНИЗАЦИИ.

Создадени на таков начин синдикалните организации имаат право да изработуваат свои статути и правилници, да избираат свои претставници, да го организираат управувањето и дејностите и да изработуваат свои програми за дејствување.

Државните органи треба да се воздржат од било какво влијание што ќе го ограничи правото на слободно здружување или ќе ја попречува нивната законска употреба.

Националното законодавство не треба да ги попречува, ниту на друг начин да ги нарушува гаранциите на тоа право, предвидено во Конвенцијата број 87 и Конвенцијата 98 на МОТ.

Треба да потенцираме дека работниците од надлежната институција треба да користат заштита од било какви дискриминациони дејства, насочени кон попречување на синдикалната слобода во областа на трудот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc