МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НИКОЛА ТОДОРОВ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

22.09.2009

Сојузот на синдикатите на Македонија бара министерот за образование Никола Тодоров да даде оставка од функцијата, затоа што не е способен да го реши проблемот на околу 7.000 наставници. СОНК е инструмент на Владата...

 

Очигледна е неспособноста на министерот за образование Никола Тодоров да ги исполни барањата на функцијата што ја извршува. Тодоров не ја почитува наредбата од премиерот да започнат преговори за решавањето на проблемот на околу 7.000 наставници во образованието. Поради тоа министерот треба да поднесе оставка,  изјави портпаролот на ССМ Милан Живковиќ на вчерашната конференција за печат, што се одржа во Охрид.

Министерот ветува решавање на проблемите во образованието, а самиот не го познава Законот за работни односи. Таму јасно стои, во членот 46, дека после пет години стаж работењето на определено време автоматски се трансформира во вработување на неопределено време. Ние сметаме дека министерот треба да им помогне и на наставниците кои немаат наполнето пет години стаж, рече Живковиќ.

Портпаролот потсети на договорот што во декември 2008 година го склучија владиниот синдикат СОНК и министерствата за образование и за труд и социјална политика. СОНК е инструмент кој Владата и Министерството за образование го користат за остварување на своите политички цели. Тој синдикат ја изгуби довербата на вработените во образованието. Од заедничките прес – конференции се гледа дека СОНК работи по налози на Министерството за образование и на Владата. Доколку вистински се залагаа за решавање на проблемите во образованието досега ќе превземеа барем некои мерки, објасни Живковиќ.

Портпаролот на претставниците на медиумите им објасни дека Сојузот на синдикатите на Македонија превзема активности во регионите каде настанаа чистки во образованието. Целта на ССМ е да се вратат наставниците на кои пред почетокот на учебната година не им се продолжени договорите за работа.

Тимовите на ССМ и на Мултиетничкиот синдикат за образование доаѓаат на повик и на наставници кои се членови на СОНК. Наставниците се исплашени дека ќе бидат следни жртви во наредните чистки во образованието.

Како еден од ретките средини каде нема чистки Живковиќ го посочи Охрид. Во градот нема случаи на непродолжување на договорите за работа. Напротив, директорите на образовните установи ветуваат дека договорите на определено време ќе бидат трансформирани на неопределено

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc