СПОГОДБАТА МЕЃУ СОНК И МИНИСТЕРСТВОТО Е ФАРСА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

11.09.2009

Министерот за образование се крие позади Спогодбата што ја склучи со СОНК и фактички не превзема ништо да го реши проблемот во образованието. Се изнесуваат невистинити податоци за само 274 засегнати наставници, но досега во МЕСО стигнаа над 700 поплаки...

 

Обраќањата до јавноста на министерот за образование и наука Никола Тодоров и изјавите што стигнуваат од СОНК се обична фарса. Фактички ништо не се превзема за да се реши проблемот на наставниците кои пред почетокот на учебната година останаа без работа, изјавува денес за медиумите портпаролот на Сојузот на синдикатите на Македонија Милан Живковиќ.

Министерот се крие позади градоначалниците, додека фактички не превзема ништо за да се реши проблемот на наставниците. Од страна на СОНК се пласира веста дека се засегнати само 274 наставници, од кои само мал дел не ги исполнувале условите. Од друга страна, Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) има податоци дека околу 6.500 наставници во образованието се со нерешен статус. Досега во МЕСО стигнаа над 700 обраќања и молби за помош, и тоа само од членови на СОНК, додека вкупно бројот на обраќања е поголем.

Не е време за политички пресметки во образованието, за борба за власт, туку треба да им се помогне на овие луѓе. Не треба да биде пресудно кој е член на која партија, порача Живковиќ.

Декларациите на министерството и СОНК се апсурдни, додека Спогодбата што ја склучија Министерството за образование, Министерството за труд и СОНК е недокажана, неприменлива и непрецизна. Стојат некакви правно празни одредби дека наставниците треба да бидат примени, освен ако не постои оправдана причина да им се трасформира работното место. Овие наводи не кажуваат ништо, ниту пак би значеле нешто на суд. Со спогодбата министерството го искористува СОНК да спроведува некои свои цели, проценува Живковиќ. Според Законот за работни односи после пет години работа на одредено време работниот однос автоматски преминува на неопределено, но еве што се случува после толку време.

Ние бараме министерот да го послуша премиерот Никола Груевски, кој упати двете министерства, за образование и за труд и социјална политика, да започнат преговори со синдикатите - не само со СОНК, туку и со МЕСО. Очигледно е во која насока оди СОНК. ССМ не учествуваше во штрајкот на образованието во декември минатата година затоа што штрајкот не беше во интерес на вработените во образованието, потсети портпаролот Живковиќ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc