ССМ И МЕСО ПОВИКУВААТ НА РАЗУМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

7.09.2009

Проблемот на отпуштените наставници не може да се реши со замајување на јавноста, како што прават Министерството за образование и владиниот синдикат СОНК. Поплаки стигнуваат од 35 општини...

 

Го повикуваме министерот Никола Тодоров да прекине со испраќа закани, туку за проблемот на отпуштените наставници во образованието да почне да преговара со синдикатите од образованието. Тоа не е само СОНК, туку и Мултиетничкиот синдикат за образование, гласи пораката на Сојузот на синдикатите на Македонија и на МЕСО, искажана на денешната конференција за печат.

Министерот за образование е потписник на спогодбата која ја склучија со СОНК и оттаму тој е обврзан да интервенира. Инаку не е точно дека проблеми има само во четири општини, како што слушаме изјавувања во медиумите, туку во многу повеќе, рече Милан Живковиќ, портпарол на ССМ.

Три главни барања кои МЕСО ги достави до Министерството за образование и Министерството за труд се трансформирање на работниот однос на вработените на одредено време, потпишување на колективен договор и исплата на разликата на надоместоците, потсети Кољо Најденов, секретар на МЕСО. Има луѓе кои работат со нерешен статус од 2.000 година и ни оддалеку не е точна бројката што ја наведува владиниот синдикат СОНК, дека оштетени се само 274 наставници. Впрочем ССМ и МЕСО не можат да гледаат отстрана ако има макар и еден наставник има проблем да го задржи работното место.

Според нашите податоци реагираат наставници од 35 општини, а не само од четири. Министерството за труд и СОНК се обидуваат да ја замајуваат јавноста, со намалување на бројките и тврдењата дека нивната спогодба се реализира. Таа спогодба никој не ја видел, ниту знае што содржи и кого заштитува, рече Драге Јованоски, раководител на Секторот за правна заштита на ССМ.

Ние го покренавме прашањето на 20 август и засега сме задоволни од реакцијата на премиерот, кој ги упати двете министерства да преговараат со синдикатите. Очекуваме тие да го сторат тоа, најави Јованоски.

На прашањето на новинарите колку лица се со нерешен статус синдикалците одговорија дека бројката изнесува околу 8.000 наставници. Новинарите се интересираа и за бројот на членови во МЕСО, на што им беше одговорено дека Мултиетничкиот синдикат има околу 13.000 членови.

Ова е кршење на човековите права и затоа ги повикуваме наставниците да се јават во регионалните канцеларии на ССМ, кои ги има во 35 градови во внатрешноста. Исто така да се обратат до Хелсиншкиот комитет и до народниот правобранител, упати апел Јованоски.

Очигледно е дека е во прашање намера да се избркаат толку луѓе и на нивно место да се стават партиски војници, проценуваат синдикалците. Има лица со над пет години работа во образованието на кои не им е продолжени договорите за работа. Според Законот за работни односи после пет години работниот однос автоматски се трансформира во вработување на неодредено време.

На конференцијата за печат тоа го потврди Маја Темкова, дефектолог, која во Заводот за рехабилитација работи на одредено време од 2001 година. Ангажирана е на исто работно место, со потпишување нов договор секоја година, иако пред три години според законот требало да биде примена на недоредено време. Во МЕСО се документирани повеќе случаи на професори на кои на одредено време работат подолго од пет години.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc