МЕСО ВО ОДБРАНА НА ЖРТВИТЕ НА ЧИСТКИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

2.09.2009

Доколку отпуштените наставници не бидат прераспределени Мултиетничкиот синдикат на образование кон крајот на месецот најавува јавни протести. Спогодбата меѓу СОНК и Министерството е директна штета за вработените...

 

 

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) ги повикува сите засегнати лица од чистките во во образованието, без разлика дали се членови на синдикат или не, да се јават во МЕСО или во регионалните канцеларии на Сојузот на синдикатите на Македонија. Доколку до крајот на месецот не им се трансформира работното место МЕСО ги повикува на протест, како прв чекор за остварување на нивните права.

Ова на денешната конференција за печат го изјави Сузана Стефановиќ, претседател на Мултиетничкиот синдикат за образование, кој е здружен во Сојузот на синдикатите на Македонија. Повод се тековните чистки во образованието, што деновиве се една од најактуелните теми во земјата.

Спогодбата што ја потпишаа претседателот на СОНК Дојчин Цветановски и министерот за образование е штетна за вработените. Никој не ја видел, ниту знае што содржи и се прашуваме зошто таа спогодба се крие од јавноста, рече Милан Живковиќ, портпарол на ССМ.

Живковиќ проценува дека на удар на чистките се околу 6.000 лица, додека Стефановиќ посведочи дека во МЕСО секој ден се бележат јавувања на избркани наставници од многу места во Македонија. Во Тетово во гимназијата досега се отпуштени 20 лица, во средното медицинско 25, додека отпуштања има и во економското училиште. Во гимназијата во Берово се отпуштени 13 лица. Во струмичкиот регион во Босилово има 15 отпуштени, во Василево и Иловица половина од вработените. Во основното училиште “Владо Кантарџиев“ во Гевгелија се отпуштени две лица. Во Скопје отпуштени се наставници во основните училишта “Љубен Лапе“, “Владо Тасевски, “Лазо Ангеловски“ и вработени во градинките во Карпош, Радишани и други. Во Македонска Каменица е избркана вработена со полни пет години работно искуство, додека во гимназијата во Богданци еден вработен, претседател на основната организација на МЕСО, е известен дека му завршува работниот однос, иако за еден месец исполнува пет години стаж. Инаку според Законот за работни односи со пет навршени години вработувањето на определено време се трансформира во неопределено.

Во повеќето случаи на нивните места веднаш се примени други лица. Стефановиќ најави дека списокот на избрканите ќе биде комплетиран наредните денови. На прашањето на новинарите дали се работи за партиски пресметки Стефановиќ одговори дека не располага со цврсти информации, но без разлика на политичката заднина на прво место е заштитата на луѓето на кои им е прекинат работниот однос.

Живковиќ и Стефановиќ зборуваа за улогата на СОНК во масовните чистки во образовниот систем. Откако најавивме штрајк СОНК со допис ги извести сите основни организации дека на 21 август министерот Тодоров и Дојчин Цветановски констатирале дека “Спогодбата“ во целост се реализира, освен продолжувањето на трансформацијата на работниот однос, и тоа поради “објективни причини“. Во истиот допис стои СОНК има обврска да се ангажира само за своите членови, додека другите немаат основ за користење на правата што ги обезбедува синдикатот“. Меѓутоа, погодени од чистките се и членови на СОНК, кој со ова докажува дека е владин синдикат, заклучи Стефановиќ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc