СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ВЛАДАТА ГИ КРШИ МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

1.09.2009

ССМ предупредува дека Предложените измени во Законот за работни односи, во делот на репрезентативноста на синдикатите, водат кон создавање владини контролирани синдикати...

 

 

Намалувањето на цензусот на членови на синдикатите од една страна е позитивна промена, затоа што со повеќе синдикални субјекти се создаваат нови услови за преговарање и водење социјален дијалог. Негативно е што предложените измени водат кон владини контролирани синдикати, изјави на денешната конференција за печат Милан Живковиќ, портпарол на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Проблематичен е начинот на определување на репрезентативноста. Комисијата за оценување на репрезентативноста треба да биде составена од три министерства – Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда и Министерството за економија. Ваков состав на комисијата е невиден во цивилизираниот свет и Република Македонија ќе биде единствената во која условите за синдикално организирање ќе бидат диригирани од Владата, изјави Живковиќ.

На прашањето на новинарите околу улогата и овластувањата на Комисијата Живковиќ одговори дека во моментов не се јасни начинот и правилата на работењето на Комисијата. Со тоа директно се прекршува членот 213 од Законот за работни односи.

Исто така со измените во Законот за работни односи директно се кршат меѓународните конвенции, поточно конвенциите 87 и 144 на Меѓународната организација на трудот (МОТ), кои јасно укажуваат на слободата на синдикалното организирање. Се кршат и директивите на Европската Унија. Конкретно, според конвенциите Владата нема право да се меша во начинот на организирањето на работниците.

Министерството за труд и социјална политика исто така ги прекршува членовите 246 и 247 од истиот закон, со однесувањето кон Економско – социјалниот совет. Во овие членови се определени овластувањата и улогата на оваа институција, која во повеќето земји е важна алка во социјалното преговарање. Портпаролот инаку ги пренесе изјавите на членовите на Економско – социјалниот совет од Сојузот на синдикатите на Македонија, кои присуствуваа на собраниската расправа околу менувањето на Законот за работни односи.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc