МЕСО ДО ВЛАДАТА ДОСТАВИ ЧЕТИРИ БАРАЊА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

21.08.2009

Мултиетничкиот синдикат на образование на РМ достави барања до Владата на РМ и до ресорните министерства. Доколку Владата се оглуши МЕСО најавува штрајк...

 

 

Мултиетничкиот синдикат за образование на РМ (МЕСО) анализирајќи ги состојбите во предучилишното, основното, средното и високото образование согласно позитивната законска регулатива и Одлуката на Уставниот суд бр. 24/8 од 8.04.2008 година во врска со цела плата, поединечните колективни договори и трансформацијата на работниот однос од определен во неопределен работен однос, констатира одредена нееднаквост и одредени недостатоци. За решавање на овие состојби ги упатува следните

Б А Р А Њ А

1. На вработените во предучилишното, основното, средното и високото образование, во бруто, односно цела плата, трошоците за храна и превоз да се пресметуваат и исплатуваат во износ како кај здравствените работници и вработените во јавните претпријатија и тоа: трошокот за храна да изнесува 3.760 денари, трошокот за превоз, цена на билет во јавниот превоз.

Според тоа, на вработените во овие дејности треба да се пресмета разлика од 1.210 денари или 20 евра, споредено со вработените во здравството.Со исплата на разликата од 20 евра вработените во овие дејности ќе бидат еднакво третирани како вработените во другите дејности во јавниот сектор.

2. Редефинирање или донесување нови колективни договори за овие дејности во кои работните места на наставниците, професорите и другите вработени ќе бидат правилно вреднувани според вложениот труд, а не дискриминирани споредено со други работни места во јавниот сектор.

Постапката и преговорите за изготвување на нов Колективен договор да отпочнат веднаш, а потпишувањето да се реализира во рок од два месеца.

3. Работниот однос на вработените кој е на определено работно време да се трансформира на неопределено време согласно ЗРО до крајот на август 2009 година.

4. Мултиетничкиот синдикат на образование на РМ ги моли Владата и надлежните министерства до кои е упатено ова барање, веднаш да започнат со разговори и преговори, односно да предложат динамика и начин на водење на преговорите и потпишување Спогодба за навремено решавање на поставените барања.

Доколку не отпочне постапка за решавање на поставените барања на работниците од овие дејности, Мултиетничкиот синдикат на образование на РМ ќе отпочне постапка за организирање на штрајк и ќе го повика другиот синдикат СОНК да се вклучи и да го организира штрајкот.

Веруваме дека Владата и ресорните министерства навреме ќе ги отпочнат преговорите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc